1
Јаков 1:2-3
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)
Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост
Compare
Explore Јаков 1:2-3
2
Јаков 1:5
Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде.
Explore Јаков 1:5
3
Јаков 1:19
И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување, и бавен за гнев
Explore Јаков 1:19
4
Јаков 1:4
трпеливоста, пак, нека биде совршено дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток.
Explore Јаков 1:4
5
Јаков 1:22
Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе.
Explore Јаков 1:22
6
Јаков 1:12
Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат.
Explore Јаков 1:12
7
Јаков 1:17
Секој добар дар и секој совршен подарок иде озгора, симнувајќи се од Отецот на светлината, во Кого нема промени ни сенка од измена.
Explore Јаков 1:17
8
Јаков 1:23-24
Зашто, кој го слуша словото, а не го извршува, тој прилега на човек кој го гледа своето сопствено лице во огледало; ќе се погледне, па ќе си замине, и веднаш заборава каков бил.
Explore Јаков 1:23-24
9
Јаков 1:27
Чиста и непорочна вера пред Бога Отецот е оваа: да се грижиш за сираци и вдовици во нивните маки и да се пазиш да останеш неосквернет од светот.
Explore Јаков 1:27
10
Јаков 1:13-14
Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува, но секого го искушува неговата похота која го влече и мами.
Explore Јаков 1:13-14
11
Јаков 1:9
Братот, кој е на пониска положба, нека се фали со возвишеноста своја
Explore Јаков 1:9
Home
Bible
Plans
Videos