1
2 Тимотеј 4:7
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Храбро се борев, ја завршив трката и останав верен.
Compare
Explore 2 Тимотеј 4:7
2
2 Тимотеј 4:2
да ја проповедаш Божјата порака! Прави го тоа ревносно, без оглед на тоа дали моментот е погоден или не. Исправај ги луѓето и укорувај ги за нивните гревови. Трпеливо поучувај ги и охрабрувај ги.
Explore 2 Тимотеј 4:2
3
2 Тимотеј 4:3-4
Ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат правилното учење. Напротив, за да си најдат оправдување за своите грешни страсти, ќе си повикаат многубројни учители што ќе им го кажуваат она што сакаат да го слушнат. Ќе престанат да ја слушаат вистината и ќе се свртат кон бесмислени митови.
Explore 2 Тимотеј 4:3-4
4
2 Тимотеј 4:5
Ти, меѓутоа, биди трезвен во секоја ситуација. Издржи ги неправдите. Како проповедник на Радосната вест, изврши ја својата задача докрај.
Explore 2 Тимотеј 4:5
5
2 Тимотеј 4:8
Затоа, за мене е веќе обезбеден венецот на праведноста што Господ ќе ми го даде. Тој суди праведно и во Оној Ден ќе ми даде венец, и мене, и на сите што со нетрпение го чекаат Неговото повторно доаѓање.
Explore 2 Тимотеј 4:8
Home
Bible
Plans
Videos