1
Maтеј 13:23
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Плодната почва ги претставува оние луѓе што ја слушаат Божјата порака и се трудат да ја разберат. Тоа семе ќе донесе плод: некаде по сто, некаде по шеесет, а некаде по триесет зрна.“
Compare
Explore Maтеј 13:23
2
Maтеј 13:22
Трнливата почва ги претставува оние луѓе што ја слушаат Божјата порака, но прекумерната грижа за овој живот, како и занесот по збогатување ја задушуваат пораката во нив и тие остануваат бесплодни.
Explore Maтеј 13:22
3
Maтеј 13:19
Тврдата почва покрај патот ги претставува оние луѓе што ја слушаат пораката за небесното царство, но не се трудат да ја разберат. Ѓаволот доаѓа и го отстранува посеаното кај нив.
Explore Maтеј 13:19
4
Maтеј 13:20-21
Каменестата почва ги претставува оние луѓе што ја слушаат Божјата порака и со задоволство ја примаат; меѓутоа, бидејќи таа во нив не се закоренува, тие остануваат верници само за кратко: штом надојдат неволи или прогонства поради верата во Божјата порака, тие веднаш се откажуваат.
Explore Maтеј 13:20-21
5
Maтеј 13:44
„Небесното царство може да се спореди со богатство скриено во нива. Човекот што ќе го пронајде повторно го закопува и сиот радосен оди и продава си што поседува и ја купува таа нива.“
Explore Maтеј 13:44
6
Maтеј 13:8
Конечно, дел од семето падна на плодна почва и донесе плод: едно стебло роди сто, друго шеесет, а трето триесет зрна.
Explore Maтеј 13:8
7
Maтеј 13:30
Оставете ги, нека растат заедно до жетвата. Тогаш ќе им наредам на жетварите: ,Издвојте го најнапред каколот, врзете го во снопови и изгорете го, а житото соберете го во Моите складови!‘“
Explore Maтеј 13:30
Home
Bible
Plans
Videos