Но тогаш Бог, нашиот Спасител, ни покажа колку не сака и колку ни е благонаклонет,
кога не спаси, не затоа што со нашите постапки тоа го заслуживме, туку затоа што Тој е милостив. Со силата на Светиот Дух не изми, не прероди и направи од нас нови суштества.
Изобилно Го излеа врз нас Светиот Дух, преку нашиот Спасител, Исус Христос.
Не оправда, затоа што ни е благонаклонет и сега можеме да се надеваме дека ќе добиеме вечен живот.