1 Јован Вовед
Вовед
Традицијата му ги припишува трите посланија на апостол Јован, иако неговото име во нив ниеднаш не се споменува. Првото од овие посланија не ни дава никакви податоци за неговиот писател, ниту пак за идентитетот на оние на кои им е упатено. Но тоа открива одредени аспекти на состојбите во христијанските заедници до кои тоа било адресирано. Како и многуте други заедници од втората половина на првиот век, тие биле изложени на влијанијата на духовните или религиозните движења кои се оддалечувале од вистинската христијанска вера. Токму затоа писателот се стреми кон двојна цел во своето послание:
– да ги охрабри своите читатели да живеат во вистинско заедништво со Бога и Неговиот Син Господ Исус Христос, што треба да се изрази преку примената на братската љубов;
– истовремено да се борат против лажната наука што ја компромитира верноста во Евангелието.
Воведот во посланието (1,1-4) тоа и го изнесува: зацврстување на заедништвото што треба да го имаат верниците со Бога и со Исус Христос, исто како и братското заедништво едни со други. За тоа тие треба да останат верни на сведоштвото на оние кои Го беа виделе или слушале Исус Христос. Писателот ги повикува своите читатели да живеат во светлина, зашто Бог е светлина. За таа цел, тие треба да ги спроведуваат заповедите на љубовта (1,5–2,17). Потоа го навестува појавувањето на големите непријатели на Христос (2,18-29). Тој ги соопштува особеностите што ги прават вистински чедата Божји: праведниот живот во кој пребиваат, љубовта што ја имаат едни кон други, верата во Исус Христос (3,1-24). Откако покажува како треба да се разликува заблуда од вистина (4,1-6), писателот уште еднаш се навраќа кон темата за љубовта: да Му се припаѓа на Бога значи да се љуби, зашто Бог е љубов (4,7-21). Тој го завршува своето послание опишувајќи ја верата како победничка и резимирајќи ги позначајните ставови од неговото послание (5,1-21).
Currently Selected:
1 Јован Вовед: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: