Дела 21
21
Павле се враќа во Ерусалим
1И штотуку се одделивме од нив отпловивме. Пловејќи стигнавме право во Кос, а на вториот ден во Родос, и оттаму во Патара. 2Таму откако најдовме кораб, кој заминуваше за Феникија, се качивме и отпловивме. 3#11,19; Мк 3,8; Лк 6,17Штом го наѕревме Кипар и го оставивме одлево, запловивме кон Сирија. Се симнавме во Тир, зашто таму требаше коработ да се растовари. 4#20,22-23И кога ги најдовме учениците, таму останавме седум дена. Тие, поттикнати од Духот, му велеа на Павле да не влегува во Ерусалим. 5А кога изминаа деновите, излеговме и тргнавме на пат, а сите нѐ испраќаа со жените и децата сѐ до крајот од градот. На брегот, пак, паднавме на колена и се помоливме. 6#20,36-37И штом се простивме еден со друг, влеговме во коработ, а тие се вратија дома. 7А ние го завршивме пловењето од Тир и стигнавме во Птолемаида. Таму ги поздравивме браќата и кај нив останавме еден ден. 8#6,5; 8,40; 18,22Утредента, Павле и ние кои бевме со него, отпатувавме и дојдовме во Кесарија. Таму влеговме во куќата на Филип благовесникот, кој беше еден од седуммината ѓакони, и останавме кај него. 9Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа. 10#11,28Ние престојувавме кај нив многу дни. Тогаш од Јудеја слезе еден пророк, по име Агав; 11#20,23; Лк 18,32и кога дојде кај нас, го зеде Павловиот појас, па ги врза рацете свои и нозете и рече: „Тоа го вели Духот Свети; така ќе го врзат Јудејците во Ерусалим оној маж, на кого што му припаѓа овој појас, и ќе го предадат во рацете на незнабошците.“ 12Штом го чувме тоа, и ние и тамошните го молевме да не се качува во Ерусалим. 13#5,41; 20,24; Лк 21,12Но Павле одговори: „Што правите, та плачете и го нажалувате срцето мое? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим за името на Господ Исус.“ 14#Лк 22,42А бидејќи тој не се премисли, ние замолкнавме и рековме: „Нека биде волјата Господова!“ 15Откако изминаа деновите се подготвивме за пат и се искачивме во Ерусалим. 16Со нас дојдоа и некои ученици од Кесарија, кои нѐ одведоа кај некој си Мнасон, од Кипар, ученик од самиот почеток. Кај него требаше да престојуваме на гости.
Павле во посета кај Јаков
17Кога пристигнавме во Ерусалим, браќата нѐ примија со радост. 18На вториот ден Павле влезе со нас кај Јаков; дојдоа и сите старешини. 19#15,3-4.12И откако ги поздрави, Павле им раскажа сѐ по ред што направил Бог меѓу незнабошците преку неговата служба. 20А тие, кога слушнаа, Го славеа Бога и му рекоа: „Гледаш, брате, колку десетици илјади Јудејци поверуваа, и сите тие станаа ревносни приврзаници на Законот. 21#Гал 5,1А за тебе многу им е зборувано дека ги учиш сите Јудејци, кои се меѓу незнабошците, да отстапуваат од Мојсеј, велејќи им да не ги обрезуваат чедата свои, и да не постапуваат по обичаите. 22И што да се прави сега? Бездруго ќе дојде многу народ, зашто ќе слушнат дека си дошол. 23Направи, пак, што ти велиме: кај нас има четворица мажи, кои се под завет. 24#18,18; 1 Кор 9,20Земи ги, очисти се со нив и плати им да си ги истрижат главите, и сите да разберат дека она што го слушнале за тебе, не е ништо, туку дека и ти сам живееш според Законот и го пазиш. 25А за незнабошците што поверуваа ние пишавме, откако решивме, да не пазат ништо такво, туку само да се воздржуваат од идолски жртви, од крв, од удавено и од блудство.“ 26Тогаш Павле ги зеде тие луѓе, и, откако се очисти со нив, на вториот ден влезе во храмот и го објави денот, во кој се навршуваат деновите на очистувањето и во кој ќе се принесе жртва за секого од нив.
Павле уапсен во храмот
27 #
Мт 26,59
А кога требаше да се свршат седумте дена, азиските Јудејци, штом го видоа во храмот го побунија целиот народ и ставија раце на него, 28викајќи: „Луѓе Израелци, помогнете! Овој човек насекаде учи против народот, против Законот, против ова место; а освен тоа уште и Елини воведе во храмот, та го оскверни ова свето место.“ 29#20,4; 2 Тим 4,20Бидејќи пред тоа во градот го беа виделе со ефесјанецот Трофим и мислеа дека Павле го вовел во храмот. 30Целиот град се раздвижи, и народот се насобра. И кога го фатија Павле, го извлекоа надвор од храмот; и веднаш вратата беше затворена. 31И кога сакаа да го убијат, пристигна вест до заповедникот на четата дека цел Ерусалим се побунил. 32А тој веднаш зеде војници и офицери и се спушти кон нив; тие, кога ги видоа заповедникот и војниците, престанаа да го тепаат Павле. 33Тогаш заповедникот се приближи, го фати и заповеда да го врзат со двојни ланци, па праша: кој е тој и што направил? 34Од народот едни викаа едно, други – друго. А тој не можејќи да ја дознае вистината поради силната врева, заповеда да го одведат во тврдината. 35А кога стигнаа до скалите, војниците требаше да го носат, поради насилието од народот; 36#Лк 23,18бидејќи многу народ ги следеше и викаше: „Погуби го!“
Павле ја искажува својата одбрана
37Кога сакаа да го воведат во тврдината, Павле му рече на заповедникот: „Можам ли да ти кажам нешто?“ А тој рече: „Зарем знаеш грчки? 38#5,36-37Не си ли ти оној Египќанин, кој пред неколку дни крена бунт и одведе во пустина четири илјади мажи разбојници?“ 39#9,11; 22,3А Павле одговори: „Јас сум Јудеец од Тарс, граѓанин на тој мошне познат град; те молам, дозволи да му проговорам на народот.“ 40#12,17; 13,16А кога заповедникот го допушти тоа, Павле застана на стапалата, му мавна со рака на народот, и, откако настана длабока тишина, почна да зборува на еврејски, велејќи го следново:
Currently Selected:
Дела 21: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: