Дела 23
23
1 #
24,16; 2 Кор 1,12 Павле го впери својот поглед кон Синедрионот и рече: „Луѓе браќа! До оној ден со најчиста совест пред Бога живеев!“ 2#Јн 18,22-23А првосвештеникот Ананија на оние, што стоеја пред него, им заповеда да го удрат по устата. 3#Мт 23,27Тогаш Павле му рече: „Бог тебе ќе те удри, ѕиду варосан! Ти седиш, за да ме осудиш според Законот, а заповедаш да ме бијат против Законот!“ 4А оние што стоеја пред него, рекоа: „Божјиот првосвештеник ли го навредуваш?“ 5#2 Мојс 22,27Павле одговори: „Не знаев, браќа, дека тој е првосвештеник; бидејќи е напишано: ‚Началникот на твојот народ да не го злословуваш.‘“ 6#Фил 3,5А кога дозна Павле дека еден дел од нив се садукеи, а другиот – фарисеи, извика во Синедрионот: „Луѓе браќа! Јас сум фарисеј, син на фарисеј; за надеж во воскресение на мртвите ми се суди!“ 7Кога го кажа тоа, настана расправија меѓу фарисеите и садукеите, и мнозина од народот се раздвоија. 8#Мт 22,23Зашто садукеите велат дека нема ни воскресение, ни ангел, ни дух; а фарисеите го признаваат и едното и другото. 9Настана голема врева; и станаа книжниците од фарисејската страна и почнаа да се препираат, велејќи: „Ништо лошо не наоѓаме во овој човек; ако, пак, нему му зборувал дух или ангел, тогаш да не Му се противиме на Бога.“ 10И бидејќи настана голема мешаница, заповедникот, уплашен да не го растргнат Павле, им заповеда на војниците да слезат и да го грабнат од нив и да го одведат во тврдината. 11#18,9; 28,16-31Ноќта му се јави Господ и му рече: „Не плаши се, Павле! И како што сведочеше за Мене во Ерусалим, така ќе треба да сведочиш и во Рим.“
Заверата на Јудејците против Павле
12 #
9,23-29; 25,3 А кога осамна, некои од Јудејците се договорија, се заколнаа со заклетва и си рекоа да не јадат, ниту да пијат додека не го убијат Павле. 13Имаше повеќе од четириесет мажи што дадоа таква заклетва. 14Па отидоа кај првосвештениците и старешините и рекоа: „Клетва си кладовме ништо да не каснеме додека не го убиеме Павле. 15Затоа вие од Синедрионот соопштете му сега на заповедникот да го доведе утре долу пред нас, небаре ќе сакате поточно да го разгледате неговото дело; а ние, пред да наближи, ќе бидеме готови да го убиеме.“ 16Кога слушна за заседата синот на Павловата сестра, отиде, влезе во тврдината и му кажа на Павле. 17А Павле повика еден стотник и му рече: „Одведи го ова момче кај заповедникот, зашто има нешто да му каже.“ 18И тој го зеде, го одведе кај заповедникот и рече: „Затвореникот Павле ме повика и замоли ова момче да го доведам кај тебе, зашто имало нешто да ти каже.“ 19Заповедникот го фати за рака, застана со него на страна и го праша: „Што имаш да ми кажеш?“ 20А тоа рече: „Јудејците се договорија да те молат да го одведеш утре Павле долу пред Синедрионот, небаре ќе сакаат поточно да го испитуваат нешто во врска со неговото дело. 21Но ти не им верувај, зашто ќе го чекаат четириесет, а и повеќе од четириесет нивни луѓе, што се заколнале да не јадат, ниту да пијат, сѐ додека не го убијат; и сега се веќе готови, чекаат само да им ветиш.“ 22Тогаш заповедникот го испрати момчето и му порача: „Никому не кажувај дека си ми го кажал ова!“
Павле испратен кај управителот Феликс
23Потоа повика двајца стотници и рече: „Пригответе ми двесте војници, седумдесет коњаници и двесте стрелци, за да тргнат за Кесарија во третиот час#23,23 Околу 21 часот. ноќеска; 24и пригответе добици, за да го качат Павле и да го одведат до намесникот Феликс!“ 25Напиша и писмо со оваа содржина: 26„Клавдиј Лисиј испраќа поздрав до многупочитуваниот намесник Феликс. 27Овој човек беа го фатиле Јудејците и сакаа да го убијат; јас се појавив со војска и го одзедов, бидејќи разбрав дека е римски граѓанин. 28И сакајќи да ја дознаам причината, поради која го обвинуваат, го изведов пред нивниот Синедрион, 29#18,15; 25,18-19и дознав дека го обвинуваат по прашање од нивниот Закон, но дека нема никаква вина, поради која би заслужил смрт или окови. 30#28,18; Лк 23,15И бидејќи ми беше соопштено дека Јудејците намислиле лошо против тој човек, јас го пратив веднаш кај тебе, откако им порачав и на обвинителите да кажат пред тебе што имаат против него. Биди здрав!“ 31И така, војниците го зедоа Павле, и онака како што им беше заповедано, го одведоа ноќе во Антипатрида. 32А на вториот ден се вратија во тврдината, откако ги оставија коњаниците да одат со него. 33Оние што влегоа во Кесарија и му го предадоа писмото на намесникот, му го претставија и Павле. 34#Лк 23,6Намесникот го прочита писмото и праша од кој крај е тој, и откако разбра дека е од Киликија, рече: 35„Ќе те сослушам, кога ќе дојдат и твоите обвинители.“ И заповеда да го држат под стража во дворот Иродов.
Currently Selected:
Дела 23: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: