Дела 25
25
Павле пред Фест
1А Фест, откако по три дена прими власт, излезе од Кесарија и дојде во Ерусалим. 2Тогаш првосвештеникот и старешините јудејски му се пожалија против Павле, и го молеа, 3барајќи милост за себе против него, да го прати во Ерусалим, и редеа заседа за да го убијат патем. 4Но Фест одговори дека Павле се чува под стража во Кесарија, а и дека тој сам скоро ќе отпатува таму. 5„Кои, пак, од вас, можат, нека дојдат со мене, и ако има некаква вина на овој човек, тогаш нека го обвинат.“ 6И откако беше кај нив, не повеќе од десет дена, слезе во Кесарија, и утредента седна на судскиот стол и заповеда да го доведат Павле. 7А кога го доведоа, Јудејците што беа дошле од Ерусалим, застанаа наоколу, и многу тешки обвиненија изнесуваа против Павле, кои не можеа да ги докажат. 8А тој, бранејќи се, рече: „Со ништо не се огрешив ни против Законот јудејски, ни против храмот, ниту, пак, против царот.“ 9Но Фест, сакајќи да им угоди на Јудејците, му одговори на Павле и рече: „Сакаш ли да одиш горе во Ерусалим и таму да ти се суди за тоа од мене?“ 10А Павле одговори: „Стојам пред царевиот суд, каде што треба да бидам суден. Јудејците не сум ги навредил со ништо, како што и ти тоа многу добро го знаеш. 11Зашто, ако сум виновен и сум направил нешто што заслужува смрт, јас не се откажувам да умрам; но, ако од сето тоа во што ме обвинуваат тие нема ништо, тогаш никој не може да ме предаде на нив. Се повикувам на царот.“ 12Тогаш Фест, откако се посоветува со Советот, одговори: „Се повика на царот, – рече, – кај царот ќе појдеш.“
Павле пред Агрипа и Верникиј
13А откако минаа неколку дена, царот Агрипа и Верникиј слегнаа во Кесарија за да го поздрават Фест. 14И бидејќи таму останаа повеќе денови, Фест му рече на царот за Павле, велејќи: „Феликс остави еден човек во затворот. 15Кога бев во Ерусалим, за него излегоа првосвештениците и старешините јудејски и ме молеа да го осудам. 16Јас одговорив дека кај Римјаните не е вообичаено човек да се осудува на смрт пред обвинетиот да се соочи со обвинителите и да му се дозволи да се брани од обвинувањето. 17И кога се собраа овде, на другиот ден, без никакво одлагање јас седнав на судискиот стол и заповедав да го доведат човекот; 18и кога застанаа околу него обвинителите, не изнесоа никакво обвинение против него, како што претполагав; 19туку против него имаа некакви препирки околу нивното верување и за некој си Исус, Кој умрел и за Кого Павле вели дека е жив. 20А јас, не знаејќи што да правам со овој, го прашав дали сака да оди во Ерусалим и таму да биде суден. 21Но, бидејќи Павле побара да биде чуван до судската одлука на неговото височество, заповедав да го држат под стража, додека го пратам кај царот.“ 22Тогаш Агрипа му рече на Фест: „Би сакал и јас да го сослушам тој човек.“ А тој одговори: „Утре ќе го сослушаш.“ 23Утредента, кога Агрипа и Верникиј дојдоа со голем сјај и влегоа во судницата заедно со војводите и најугледните граѓани, по заповед на Фест, го доведоа Павле. 24Фест рече: „Царе Агрипа и сите вие мажи, кои сте со нас овде! Го гледате овој, за кого целото мнозинство Јудејци дојдоа кај мене, и во Ерусалим и овде, и викаа дека тој повеќе не треба да живее. 25Но јас, кога разбрав дека тој не направил ништо достојно за смрт, и бидејќи тој сам се повика на неговото височество, решив да го пратам кај него. 26За него, пак, немав поправо што да му напишам на господарот; затоа го изведов пред вас, и особено пред тебе, царе Агрипа, за да можам, откако ќе се сврши испитувањето, нешто да напишам. 27Зашто, бесмислено е, ми се чини, да пратам затвореник, а вината негова да не ја соопштам.“
Currently Selected:
Дела 25: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: