YouVersion Logo
Search Icon

Создавање 30

30
1Рахила, гледајќи дека не му раѓа деца на Јаков, ѝ позавиде на сестрата своја, па му рече на Јаков: „Дај ми деца, ако не – јас ќе умрам!“ 2#1 Сам 1,6; Лк 1,7А Јаков ѝ се налути на Рахила, и ѝ рече: „Зар јас сум тој, а не Бог, што не ти дал плод на утробата?“ 3#16,2А таа рече: „Ене ја слугинката моја Билха; влези кај неа; нека ми роди таа в скут, па јас ќе имам деца од неа.“ 4И му ја даде Билха, слугинката своја, за жена, и Јаков влезе кај неа. 5И Билха зачна, и му роди на Јаков син. 6А Рахила рече: „Бог ми пресуди и го чу гласот мој, та ми даде син.“ Затоа му стави име Дан. 7И Билха, слугинката на Рахила, пак зачна, и му роди втор син на Јаков. 8А Рахила рече: „Со Божја помош жестоко се борев со сестрата моја, но победив.“ И му кладе име Нефталим. 9А Лија, гледајќи дека престана да раѓа, ја зеде слугинката своја Зелфа и му ја даде на Јаков за жена. 10И зачна Зелфа, слугинката на Лија, и му роди на Јаков син. 11Тогаш Лија рече: „Дојде среќата моја.“ Па го нарече Гад. 12Му роди Зелфа, слугинката на Лија, на Јаков и втор син. 13#Изреки 31,28; Песна 6,9; Лк 1,48И Лија рече: „Блазе мене, зашто блажена ќе ме нарекуваат жените!“ Затоа му стави име Асир. 14#Песна 7,12-14А кога се жнееше пченицата, излезе Рувим во полето и најде мандрагори, па ѝ ги донесе на мајка си Лија. А Рахила ѝ рече на Лија, сестрата своја: „Дај ми од мандрагорите на синот твој!“ 15Таа, пак, рече: „Малку ли ти беше што ми го зеде мажот? Сакаш да ми земеш и од мандрагорите на синот мој?“ Рахила ѝ одговори: „Тогаш нека легне ноќеска со тебе за мандрагорите од синот твој.“ 16И вечерта, кога Јаков се враќаше од полето, му излезе Лија во пресрет и рече: „Влези кај мене, зашто те откупив за мандрагорите од синот мој!“ И легна тој со неа таа ноќ. 17А Бог ја слушна Лија, и таа зачна, па му го роди на Јаков петтиот син. 18И Лија рече: „Бог ми даде награда, зашто му ја дадов слугинката своја на мажот мој.“ И му даде име Исахар. 19И пак зачна Лија, и му го роди на Јаков шестиот син. 20И рече Лија: „Бог ме награди со убав дар, па сега ќе живее со мене мажот мој, бидејќи му родив шест синови.“ Затоа го нарече Завулон. 21Потоа роди ќерка и ѝ стави име Дина. 22#1 Сам 1,27Но Бог си спомна и за Рахила. И ја послуша Бог, па ја отвори утробата нејзина. 23Таа зачна и роди син, па рече: „Бог го отстрани од мене срамот мој.“ 24#35,17И му даде име Јосиф, велејќи: „Бог ќе ми даде и друг син.“
Јаков станува богат
25 # 27,43-45; 29,20.30 А кога Рахила го роди Јосиф, му рече Јаков на Лаван: „Пушти ме и ќе си одам во моето место и во својата земја. 26Дај ми ги жените мои, и децата мои, за кои ти служев, и да си одам; а ти знаеш како ти служев.“ 27#12,2-3Лаван му рече: „Немој, ако сум нашол милост пред тебе. Гледам дека Бог ме благослови поради тебе.“ 28И уште рече: „Барај плата, колку што сакаш, и јас ќе ти дадам.“ 29А Јаков му одговори: „Ти знаеш како ти служев и колку многу ти се зголеми добитокот со мене; 30бидејќи она што го имаше, беше малку додека не дојдов јас; но многу се намножи, бидејќи Господ те благослови кога дојдов јас. Па кога јас ќе работам за мојот дом?“ 31И тој му рече: „Што бараш да ти дадам?“ А Јаков одговори: „Не треба ништо да ми дадеш. Но направи онака како што ќе ти кажам, а јас, пак, ќе го пазам стадото твое и понатаму. 32Ќе го обиколам денес целото стадо твое и оддели секое дамчесто и шарено јагне и секоја црна овца помеѓу нив и секоја шарена и дамчеста коза – тоа ќе ми биде наградата! 33Така потоа ќе ми посведочи спра­ведливоста моја пред тебе кога ќе дој­деш да ја провериш наградата моја: ако се најде тогаш меѓу моите кози која не е дамчеста или шарена, и меѓу овците мои, која не е црна, значи крадена е.“ 34Лаван му рече: „Нека биде, како што рече!“ 35И ги оддели Лаван истиот ден јарците ригести и шарени и сите кози дамчести и шарени; секоја на која има­ше нешто бело и сите црни овци, па им ги предаде на синовите свои. 36И определи растојание од три дена одење меѓу себе и Јаков. А Јаков го пасеше другиот ситен добиток на Лаван. 37И зеде Јаков зелени прачки топо­лови, бадемови и јаворови, па изрежа Јаков пруги, откако ја извади кората до беликата, 38и ги стави така изрезаните прачки во коритата од поилата, каде што доа­ѓаше добитокот да пие, а бидејќи стоката зачнуваше, кога доаѓаше на вода, 39добитокот се пареше пред прачките, па се раѓаше ригеста и шарена стока. 40И Јаков ги одделуваше и овците, и им ги свртуваше главите кон шареното и сето црно стадо на Лавана; а своето стадо го одделуваше и не го мешаше со стадото Лаваново. 41И секогаш кога зачнуваше силниот добиток, Јаков ги ставаше прачките во поилата пред очите на добитокот, за да се пари гледајќи во прачките. 42А кога се пареше слабиот добиток, тогаш не ги ставаше. И остануваше слабиот за Лаван, а силниот, за Јаков.
Јаков побегнува откај Лаван
43И така тој човек се збогати многу, премногу, та имаше многу добиток, слугинки и слуги, камили и магариња.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in