YouVersion Logo
Search Icon

Создавање 34

34
Симеон и Левиј се одмаздуваат за нивната обесчестена сестра
1Дина, ќерката на Лија, која му ја роди на Јаков, излезе за да ги види девојките во тој крај. 2#2 Мојс 22,15-16; 5 Мојс 22,28-29Но ја виде Сихем, синот на Емор Евеецот, кнез на таа земја, ја зеде и легна со неа, и ја осрамоти. 3И му се приврза душата негова кон Дина, ќерката на Јаков, и тој ја засака девојката, и гледаше да ја придобие. 4#Суд 14,1-2И му рече Сихем на Емор, таткото свој, велејќи: „Ожени ме со онаа девојка!“ 5#Амос 5,13; Проп 3,7А Јаков чу дека Сихем ја осрамотил Дина, ќерката негова; но, бидејќи синовите негови беа в поле со добитокот негов, Јаков замолча додека не дојдат тие. 6Тогаш Емор, таткото на Сихем, отиде кај Јаков да поразговара со него. 7#2 Сам 13,12-13А кога дојдоа синовите на Јаков од полето и слушнаа што станало, се огорчија тие мажи и пламнаа од гнев, зашто тој му нанел срам на Израел, преспивајќи со ќерката на Јаков, што не требаше да го направи. 8А Емор им рече, велејќи: „Синот мој Сихем од срце ја засака вашата ќерка. Дајте му ја за жена! 9И посватете се со нас; ќерките ваши мажете ги за нас и со ќерките наши женете се. 10Па живејте со нас, и земјата е пред вас; населувајте ја, движете се слободно и создавајте свои имоти.“ 11А Сихем му рече на таткото на девојката и на браќата нејзини: „Само да најдам милост пред очите ваши, и ќе ви дадам сѐ што ќе ми кажете. 12Побарајте најголем откуп и дарови: јас ќе ви дадам сѐ, што и да ми кажете; само дајте ми ја момата за жена.“ 13#Изреки 26,25А синовите на Јаков им одговорија на Сихем и на Емор, таткото негов, неискрено. А така одговорија, бидејќи беше ја осрамотил Дина, сестрата нивна. 14И им рекоа: „Не можеме тоа да го направиме, да ја дадеме сестрата наша за човек необрезан, зашто тоа е срамно за нас. 15#17,10-14Само под таков услов ќе се согласиме со вас, само ако сакате да се изедначите со нас и да ги обрезете сите ваши машки. 16Тогаш ќе ги мажиме нашите ќерки за вас и ќе се жениме со вашите ќерки, ќе се населиме кај вас и ќе станеме еден народ. 17А ако не нѐ послушате да се обрезете, ние ќе ја земеме нашата ќерка и ќе си отидеме.“ 18И им се допаднаа зборовите нивни на Емор и на Сихем, неговиот син. 19И момчето, не двоумејќи се, го направи тоа веднаш, бидејќи многу ја засака ќерката на Јаков. А тој беше најпочитуван меѓу своите во домот на неговиот татко. 20И дојдоа Емор и син му Сихем пред портите од нивниот град, и им рекоа на жителите од својот град, велејќи: 21„Овие луѓе се мирни, нека се населуваат во оваа земја и слободно да се движат по неа; а еве – земја има и за нив. Па нека ги земаме нивните ќерки за жени, а и нашите да им ги даваме ним. 22Притоа се согласуваат со нас така да живеат и да станеме еден народ, само ако сите машки меѓу нас се обрезат, како што се тие обрезани. 23#Изреки 1,13-19Нивните стада и нивниот имот и сиот нивни добиток нема ли да бидат и наши? Само да се согласиме со нив, и тие ќе останат со нас.“ 24И сите што излегуваа од портите на градот нивни ги послушаа Емор и Сихем, синот негов; и се обрезаа сите машки – сите кои поминуваа низ портите на градот. 25#Ис.Н. 5,8А на третиот ден, додека тие уште беа во болки, двајцата синови Јаковови, Симеон и Левиј, браќата на Дина, го зедоа секој својот меч и непречено влегоа во градот и ги убија сите машки. 26Го погубија и Емор, и синот негов Сихем, со остар меч, и, откако ја зедоа Дина од домот на Сихем, си отидоа. 27#Рим 12,19Тогаш дојдоа синовите на Јаков кај убиените, и го ограбија градот, зашто во него беше осрамотена сестрата нивна. 28И го зедоа нивниот ситен и крупен добиток, и нивните магариња, сѐ што беше во градот и сѐ што имаше во полето. 29И сето богатство нивно, и децата и жените нивни ги пленија, и ограбија сѐ, што имаше во куќите. 30#Пс 105,12; Изреки 11,17; 13,7Тогаш Јаков им рече на Симеон и на Левиј: „Ми создадовте неприлики и ме омразивте кај народот од оваа земја, кај Хананците и Перизијците. Јас имам малку луѓе; тие ќе се соберат против мене, ќе ме убијат, та ќе бидам истребен јас и домот мој.“ 31А тие рекоа: „Зар со сестрата наша да постапуваат како со блудница?“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in