Создавање 41
41
Двата сона на фараонот
1А по две години сони сон фараонот – како стои крај една река. 2И одеднаш – од реката излегоа седум убави и дебели крави, па почнаа да пасат во мочуриштето; 3а по нив, потоа, од реката излегоа други седум крави, грди и слаби и застанаа кај другите крави на брегот. 4И грдите и слаби крави ги изедоа оние седум убави и дебели крави. Тогаш се разбуди фараонот. 5Потоа пак заспа и сони втор сон, а тоа – седум класја израснаа од едно стебло, јадри и убави; 6а по нив израснаа седум празни, исушени од ветар. 7Потоа празните и исушените класја ги изедоа седумте големи и јадри класја. Тогаш фараонот се разбуди, но тоа беше сон. 8#2 Мојс 7,11.22; Дан; 2,1-2; 5,7Утредента се вознемири душата негова, та нареди, и беа повикани сите гаталци египетски и сите мудреци. И фараонот им раскажа што сонил, но никој не се најде да го протолкува сонот на фараонот. 9#40,1.23Тогаш му проговори на фараонот главниот винар и рече: „Денес се сетив за гревот мој. 10Кога фараонот се налути на слугите свои и нѐ фрли в затвор во куќата на стражарскиот заповедник, мене и главниот пекар, 11сонувавме во иста ноќ јас и тој, но секој од нас свој сон видовме со свое значење. 12А таму со нас беше еден млад Евреин, слуга на заповедникот на стражата; ние му ги раскажавме соништата наши, а тој на секого од нас му го протолкува сонот. 13И како што ни кажа, така и стана: јас бев вратен на мојата служба, а оној другиот беше обесен.“
Јосиф ги толкува соништата на фараонот
14 #
1 Сам 2,8; Пс; 105,20-21; Изреки 16,13; Дан 2,25; Дела 7,10 Тогаш фараонот нареди, та го повикаа Јосиф, и брзо го изведоа од затворот, а тој се потстрижа и се преоблече, па излезе пред фараонот. 15А фараонот му рече на Јосиф: „Сонив сон, а никој не може да ми каже што значи: а за тебе слушам дека умееш да толкуваш соништа.“ 16#40,8; Дан 2,11.28; Мт 10,20; 2 Кор 3,5Јосиф му одговори на фараонот и рече: „Тоа не е од мене, туку Бог ќе му даде одговор на фараонот за негово добро.“ 17И му рече фараонот на Јосиф, велејќи: „Сонив, како стојам крај брегот на реката#41,17 Нил; 18и одеднаш – од реката излегоа седум дебели и убави крави, па почнаа да пасат во мочуриштето; 19и ете, по нив други седум крави излегоа, многу грди и слаби во телото, не сум видел толку грди во целата земја египетска. 20И оние крави, слаби и грди, ги изедоа оние седум дебели. 21А кога им беа во стомакот, не се познаваше дека им се во стомакот, туку пак беа така грди како порано. Тогаш се разбудив. 22Па пак сонив, а тоа – седум класја израснаа од едно стебло, јадри и убави; 23а по нив израснаа седум тенки и празни класја, исушени од ветар. 24И празните класја ги проголтаа седумте убави класја. И сево ова им го раскажав на гаталците, но ниеден не знаеше да ми објасни.“ 25#Ис 43,9.12; 44,7; Амос 3,7; Дан 2,28А Јосиф му рече на фараонот: „Сонот фараонов е еден: Господ му јавува на фараонот, што ќе направи. 26Седумте убави крави се седум години, и седумте убави класја се пак седум години; обата сона се еден сон. 27#2 Цар 8,1Седумте слаби и грди крави, кои излегоа по оние, се седум години; и седумте класја празни и исушени од ветар се седум години глад. 28Тоа е она што веќе му го реков на фараонот: Бог му кажува на фараонот што ќе прави. 29Ете, ќе дојдат седум години многу родни по целата земја египетска; 30а по нив ќе настапат седум гладни години; ќе се заборави сето она изобилство во земјата египетска, и глад ќе настапи во земјата. 31И нема да се знае дека во земјата порано имало изобилие – поради гладот – што ќе дојде, зашто ќе биде многу голем. 32#Ис 46,10А тоа, што фараонот сонил двапати едноподруго, значи дека Божјиот збор е вистински и дека Бог наскоро ќе го направи тоа. 33#5 Мојс 1,13А сега фараонот нека побара човек мудар и разумен, па да го постави над египетската земја. 34И нека заповеда фараонот да бидат поставени старешини по земјата, па да собираат петина од сите жетви по земјата египетска во текот на седумте родни години; 35нека собираат тие секаква зрнена храна во седумте родни години што доаѓаат; житото да го собираат во градовите со овластување од фараонот и храната во градовите да се чува. 36И таа храна да биде запазена за седумте гладни години што ќе настапат во египетската земја, за да не пропадне земјата од глад.“
Јосиф – висок службеник кај фараонот
37Ова му се допадна на фараонот и на сите слуги негови. 38Па им рече фараонот на слугите свои: „Зар можеме да најдеме човек, како што е овој, во кого има Божји дух?“ 39И му рече фараонот на Јосиф: „Бидејќи Бог тебе ти го откри сево ова, значи дека нема човек толку мудар и разумен како што си ти. 40#Изреки 22,29Ти ќе бидеш над домот мој, и целиот народ мој ќе го слуша твојот збор; само со престолот ќе бидам поголем од тебе.“ 41И уште му рече фараонот на Јосиф: „Еве, те поставувам денес тебе над целата египетска земја.“ 42#Ест 3,10; 8,2.15; Дан 5,7.29И го извади фараонот прстенот од раката своја и му го стави на Јосиф на рака, и го облече во облека од најфина ткаенина, и му стави златна веришка околу вратот. 43И заповеда да го возат во неговата втора кола, а гласник пред него да извикува: „Аврех!“#41,43 Коленичете, на колена! И го постави над целата земја египетска. 44И фараонот му рече на Јосиф: „Јас сум фараон, но без тебе никој нема да крене рака, ни нога во целата земја египетска.“ 45#46,20И го нарече фараонот Јосиф Цафенат-Панеах; и го ожени со Асената, ќерката на Потифера, свештеник од Он. 46А Јосиф имаше триесет години, кога се претстави пред фараонот, царот египетски. И, откако отиде од фараонот, тој ја обиколи целата земја египетска. 47И за седум родни години земјата роди во изобилство. 48И собираше Јосиф за тие седум години секаков вид жито, што го даваше египетската земја, и го носеше житото во градовите; во секој град го носеше житото од околните ниви. 49Така насобра Јосиф многу жито, колку што е песокот морски, така што престанаа да го мерат, зашто немаше број. 50А пред да настанат гладните години, му се родија на Јосиф два сина, кои му ги роди Асената, ќерката на Потифера, свештеник од Он. 51#48И на првородениот Јосиф му стави име Манасија, велејќи: „Зашто Бог ми овозможи да ги заборавам несреќите мои и целиот дом на мојот татко.“ 52А вториот го нарече Ефрем, велејќи: „Бидејќи Бог ме направи плоден во земјата на маките мои.“ 53Но изминаа седумте родни години во египетската земја, 54#Пс 105,16; Дела 7,11и настапија седумте гладни години, како што беше рекол Јосиф. И настана глад по сите земји, а во целата египетска земја имаше леб. 55#Јн 2,5Но, кога почна да гладува и египетската земја, народот му бараше на фараонот леб. А фараонот им рече на сите Египќани: „Одете кај Јосиф, па како што ќе каже тој, така правете.“ 56А кога гладот се прошири во целата земја, ги отвори Јосиф сите житници и почна да им продава на Египќаните жито, бидејќи настана голем глад во египетската земја. 57И од сите земји доаѓаа во Египет да купуваат жито од Јосиф, зашто настана голем глад по целата земја.
Currently Selected:
Создавање 41: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: