YouVersion Logo
Search Icon

Јован 14

14
Исус е вистинската лоза
1 # 14,27; 2 Мојс 14,31; 5 Мојс 1,21; 2 Лет 20,17.20; Мк 11,22 „Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене ве­рувајте. 2Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: ‚Одам да ви приготвам место‘? 3#8,35; 12,26; 17,24; 5 Мојс 1,33; Фил 1,23; 1 Сол 4,17; Евр 6,19-20; Откр 22,17.20Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас. 4А каде одам Јас го знаете патот.“ 5#11,16; 13,36; 20,24-29Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?“ 6#1,4.14; 3,16; 10,9; 11,25; 18,37-38; Дела 9,2; Евр 10,20Исус му рече: „Јас сум Патот, Вис­тината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. 7#8,19; 12,45; 2 Кор 4,4Ако Ме бевте познавале, ќе го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.“ 8#1,43-44Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!“ 9#1,18; 12,45; 2 Мојс 33,11; Кол 1,15; Евр 1,3Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и зар не си Ме познал, Фи­липе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ‚Покажи ни Го Отецот?‘ 10#12,49-50; 17,21Не веруваш ли дека Јас сум во Оте­цот, и дека Отецот е во Мене? Збо­ро­ви­те што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; туку од Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата. 11#10,37-38Верувајте Ми дека Јас сум во Оте­цот и Отецот е во Мене. Ако ли, пак, не – тогаш верувајте во Мене заради делата. 12#7,33; 13,1; 14,28; Мт 21,21Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; зашто Јас си одам кај Својот Отец; 13#15,7.16; 16,23-24.26; 17,1.5; Јк 1,5и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го исполнам, за да се прослави Отецот во Синот. 14Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.“
Ветување за Светиот Дух
15 # 15,10; 5 Мојс 6,4-9; 1 Јн 5,3; 2 Јн 1,6 „Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди. 16#1,33; 15,26; 16,7.13Јас ќе Го помолам Отецот, и Тој ќе ви даде друг Утешител за да биде со вас довека, 17#1,10; Мт 10,20; Рим 8,26; 1 Кор 2,12.14; 1 Јн 4,6; 2 Јн 1,1-2Духот на вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го виде, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде. 18#14,3.28Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам кај вас. 19#7,33; 6,57; 16,16Уште малку и светот веќе нема да Ме гледа; а вие ќе Ме гледате, зашто Јас живеам и вие ќе живеете. 20#10,30.38; 17,11.21-23; Ис 2,17Во оној ден вие ќе разберете дека Јас сум во Мојот Отец и вие сте во Ме­не, и Јас сум во вас. 21#16,27; 17,26; Изреки 8,17Кој ги има заповедите Мои и ги па­зи, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љу­би Мене, возљубен ќе биде од мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се ја­вам Сам.“ 22#7,4; Лк 6,16; Дела 1,3; 10,40-41; Јуда 1,1Му рече Јуда, не Искариот: „Гос­по­ди, зошто сакаш нам да ни се јавиш, а не на светот?“ 23#1 Цар 8,27; Ез 37,26-27; Зах 2,14; Изреки 8,17; 2 Кор 6,16; Ефес 3,17; Откр 3,20; 21,3Исус одговори и му рече: „Ако не­кој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе на­правиме. 24#7,16Кој не Ме љуби, не го запазува сло­вото Мое; а словото што го слушате, не е Мое, туку на Мојот Отец, Кој Ме ис­прати. 25Ова ви го реков, бидејќи сум со вас. 26#2,22; 16,13-15А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ви на­помни за сѐ што сум ви зборувал. 27#14,1-3; 16,33; 20,19.21; Ис 9,5; Зах 9,9-10; Рим 5,1; Ефес 2,14-18; Фил 4,7; 2 Сол 3,16Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам, но не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да страхува. 28#13,1; 20,17; Мк 13,32Чувте дека Јас ви реков: ‚За­ми­ну­вам од вас и пак ќе дојдам кај вас.‘ Но ако Ме љубевте Мене, ќе се зарадувавте што реков: одам кај Мојот Отец, зашто Мојот Отец е поголем од Мене. 29#13,19; 16,4И сега ви кажав, уште пред да се изврши, та кога ќе се изврши, да по­ве­рувате. 30#12,31; 16,11Нема веќе многу да зборувам со вас, зашто иде кнезот на овој свет и во Мене Тој нема ништо. 31#6,38; 12,49; 15,10; Мт 26,46Но за да разбере светот дека Го љу­бам Отецот и, како што Ми заповеда Отецот, така правам. Станете да си оди­ме одовде!“

Currently Selected:

Јован 14: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in