YouVersion Logo
Search Icon

Јован 17

17
Исусовата молитва
1 # 2,4; 11,41; 12,23; 13,1.31-32; Мт 26,45 Ова го кажа Исус, па ги подигна очите Свои кон небото и рече: „Оче, дојде часот; прослави Го Својот Син, за да Те прослави и Синот Твој, 2#3,35; Мт 28,18како што си Му дал власт над секое тело, та на сѐ што си му дал, да му даде вечен живот. 3#1,4; 6,40; 12,25; Ер 24,7; 31,31-34; Ез 36,25-28; Ос 2,22; 1 Јн 5,13.20А животот вечен е тоа, да Те позна­ат Тебе Единиот вистински Бог, и ис­пратениот од Тебе Исус Христос. 4#13,31-32; 19,30Јас Те прославив на Земјата; го из­вршив делото, што си ми го дал да го извршам. 5#1,1-2; 8,58; 17,24; Фил 2,6; Евр 5,5И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Те­бе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште светот пред да настане. 6#6,37-39.44; 17,2.9.12.24.26; 2 Мојс 3,13-14; Евр 2,12Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово. 7Сега разбраа дека сѐ што си Ми дал, е од Тебе; 8#3,2.11; 16,30зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и раз­браа навистина дека од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил. 9#15,19; Лк 22,32Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои. 10#16,15; Лк 15,31И сѐ Мое е Твое, и Твоето – Мое, и се прославив во нив. 11#10,30; 13,1.3; 17,21; 3 Мојс 19,2; Гал 3,28; 1 Птр 1,5.16Веќе не сум во светот, но тие се во светот, а Јас идам кај Тебе. Оче Свети, запази ги во Твоето име оние што си Ми ги дал, за да бидат едно, ка­ко што сме и Ние. 12#6,39; 10,28; 13,18; 18,8-9; Пс 41,9; Дела 8,20; 2 Сол 2,3Додека бев со нив во светот, Јас ги пазев во Твоето име; оние, што си Ми ги дал, ги зачував, и никој од нив не по­гина, освен погибелниот син, за да се исполни Писмото. 13#15,11; 1 Јн 1,4А сега се враќам кај Тебе, и ова му го кажувам на светот за да ја имаат во себе Мојата полна радост. 14#8,23; 15,18-19Јас им го предадов Твоето слово, и светот ги замрази, зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од него. 15#Мт 6,13; Лк 22,32; 2 Сол 3,3; 1 Јн 5,18Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото. 16Тие не се од светот, како и Јас што не сум од него. 17#10,36; Ер 1,5Посвети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина. 18#20,21Како Ти Мене што Ме прати во светот, и Јас ги пратив во светот. 19#4,23; 15,13; Лк 22,20; 1 Кор 1,30; Евр 2,11; 10,12.14И за нив јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината. 20#Рим 10,17; 1 Сол 2,13; 1 Јн 1,3Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене, 21#10,38; 17,11; Дела 4,32; Гал 3,28за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил. 22#17,5И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние. 23#15,9; 1 Кор 6,17; Гал 2,20Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во сѐ едно, и да дознае светот дека Ти си Ме испратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби. 24#1,14; 10,29; 12,26; 17,5; Мт 25,34; 2 Кор 3,18Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, зашто ме возљуби уште пред да се создаде светот. 25#1,10; 8,55; Мт 11,27; Откр 16,5Оче Праведен, светот не Те позна, Јас Те познав; и овие познаа дека Ти си Ме испратил; 26#17,6; 2 Мојс 3,13-14; Пс 7,17; Рим 8,39и им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта, со која Ме воз­љуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив.“

Currently Selected:

Јован 17: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in