Матеј 27
27
Исус пред Пилат
(Мк 15,1; Лк 23,1-2; Јн 18,28-32)
1 #
12,14; Мк 3,6; 15,1; Лк 22,66 А кога се раздени, сите првосвештеници и старешини направија договор против Исус за да Го убијат; 2#Лк 3,1; 23,1; Јн 18,28и откако Го врзаа, Го одведоа и Го предадоа на управникот Понтиј Пилат.
Самоубиството на Јуда
(Дела 1,18-19)
3 #
26,15
Тогаш Јуда, што Го предаде, кога виде дека е Тој осуден, се покаја и им ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и старешините, 4#27,24велејќи им: „Згрешив, зашто предадов невина крв!“ А тие му одговорија: „Што ни е грижа нам за тоа? Мисли му ти!“ 5#Зах 11,13Тој ги фрли сребрениците во храмот, излезе и отиде, та се обеси. 6Првосвештениците ги собраа сребрениците и рекоа: „Не чини да се стават во црковната каса, бидејќи се платени за крв.“ 7Откако се советуваа, ја купија со нив грнчаревата нива, за да погребуваат во неа луѓе од други места. 8#Дела 1,19Затоа и до денес таа нива се вика Крвна нива. 9#Ер 32,6-9; Зах 11,12-13#1,22Тогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија: „И ги зедоа триесетте сребреници, цената на Непроценливиот, Кого Го оценија синовите Израелови, 10#Ер 18,2-3; 19,1-2; 32,6-15и ги дадоа за грнчаревата нива, како што ми кажа Господ.“
Пилат Го сослушува Исус
(Мк 15,2-15; Лк 23,2-5.13-25; Јн 18,28–19,16)
11 #
2,2; Јн 18,33.37 И Исус застана пред управникот. И тој Го праша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Исус му одговори: „Ти велиш.“ 12#26,63И кога Го обвинуваа првосвештениците и старешините, Тој ништо не одговараше. 13Тогаш Пилат Му рече: „Не слушаш ли колку сведочат против Тебе?“ 14#Мк 14,61И не му одговори ниту на еден збор, така што управникот се чудеше многу. 15#Јн 18,39А на секој празник Пасха управникот имаше обичај да му пушта на народот по еден затвореник, кого што би го побарале. 16Тогаш тие имаа еден прочуен затвореник, по име Варава. 17#1,16И кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам: Варава ли, или Исус, наречен Христос?“ 18Зашто знаеше дека Го беа предале од завист. 19#Јн 19,13; Дела 12,21Во тоа време, кога тој седеше во судот, жена му порача да му кажат: „Не прави му ништо на Тој Праведник, зашто денеска многу пострадав на сон заради Него.“ 20Но првосвештениците и старешините го наговорија народот да го измоли Варава, а Исус да Го погуби. 21#Јн 18,40Тогаш управникот ги праша: „Кого од двајцата сакате да ви го пуштам?“ Тие одговорија: „Варава!“ 22#Дела 3,13; 13,28Пилат им рече: „А што да правам со Исус, наречен Христос?“ Му одговорија сите: „Да биде распнат!“ 23#Јн 19,6.15Управникот рече: „Па какво зло направил?“ Но тие уште посилно викаа и рекоа: „Да биде распнат!“ 24#Дела 18,6#5 Мојс 21,6-8; Пс 26,6; 73,13; Јн 12,19Пилат, штом виде дека ништо не помага, а буната се зголемува, зеде вода, ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Праведник; мислете му вие!“ 25#23,35; 2 Сам 1,13-16; Ер 26,15; 51,35; Дела 5,28И одговарајќи целиот народ, рече: „Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!“ 26#10,17; 23,34Тогаш им го пушти Варава, а Исус, откако Го камшикуваа, Го предаде да биде распнат.
Исусовите понижувања
(Мк 15,16-20; Лк 23,11; Јн 19,2-3)
27Потоа војниците на управникот Го зедоа Исус во судницата и ја собраа целата чета околу Него, 28па, откако Го соблекоа, Му облекоа багреница; 29#Пс 22,7; 44,14исплетоа трнов венец, Му Го кладоа на главата и Му дадоа во десната рака трска; и паѓајќи на колена, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ 30#26,67; Ис 50,6И плукаа на Него и со трската Го удираа по главата. 31А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ги облекоа Неговите алишта и Го поведоа на распнување.
Исусовото распнување
(Мк 15,21-32; Лк 23,26-43; Јн 19,17-27)
32 #
Дела 2,10; 11,20 На излегување сретнаа еден Киринеец, по име Симон; него го натераа да Му го носи крстот. 33#Јн 19,17И кога дојдоа на местото наречено Голгота, што значи Черепница, 34#Пс 69,21; Мк 15,23Му дадоа да пие оцет, измешан со жолчка. Но Тој вкуси и не сакаше да пие. 35#Пс 22,19; Јн 19,23А штом Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждрепка; 36па седеа таму и Го чуваа; 37#Јн 19,19-21и Му кладоа над главата натпис, со вината Негова: „Овој е Исус, Царот Јудејски.“ 38#20,21; 26,55; Лк 22,37Тогаш распнаа со Него и двајца разбојници; едниот од десната страна, а другиот од левата. 39#Ер 18,16; Пс 22,7; 109,25; Плач 2,15А минувачите, вртејќи ги главите свои, Го хулеа 40#14,33; 26,61и велеа: „Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, спаси се Себеси! Ако си Син Божји, симни се од крстот!“ 41#27,29Исто така и првосвештениците, заедно со книжниците, старешините, и фарисеите, потсмевајќи се говореа: 42#Јн 1,49„Други спасуваше, а Сам Себе не може да се спаси! Ако е Тој Цар Јудејски, нека слезе од крстот, па ќе поверуваме во Него. 43#4,3.6; Пс 22,9; Јн 1,34; 10,36Се надеваше на Бога, нека Го избави сега, ако е по волјата Негова, бидејќи говореше: ‚Син Божји Сум!‘“ 44И разбојниците, распнати со Него, Го хулеа исто така.
Исусовата смрт
(Мк 15,33-41; Лк 23,44-49; Јн 19,28-30)
45 #
2 Мојс 10,22; Амос 8,9; Лк 23,44 А од шестиот#27,45 Околу 12 часот напладне. час настана темнина по целата земја, до деветтиот час; 46#Пс 22,2а околу деветтиот#27,46 Околу 15 часот. час извика Исус со висок глас и рече: „Или! Или! Лама савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!“ 47#11,14А некои од оние што стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!“ 48#Пс 69,21И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во оцет и го надена на трска, па Му даваше да пие. 49Другите, пак, велеа: „Чекајте, да видиме, дали ќе дојде Илија да Го спаси!“ 50А Исус, откако повторно извика со силен глас, го испушти духот. 51#2 Мојс 26,31-35; Евр 10,20И наеднаш се расцепи завесата на храмот на две – од горе до долу; и земјата се затресе; и карпи паднаа. 52#Ис 26,19; Ез 37,12; Дан 12,2; 1 Птр 3,19И гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа; 53#Откр 21,2па кога излегоа од гробовите, по воскреснувањето Негово, влегоа во светиот град и им се јавија на мнозина. 54#4,3; 14,33; 17,6; 27,40.43А стотникот и оние што со него заедно Го чуваа Исус, откако го видоа земјотресот и сѐ друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина Овој беше Син Божји!“ 55#Лк 8,2-3; 23,49.55Таму беа и гледаа оддалеку, исто така, многу жени, што Го следеа Исус од Галилеја и Му служеа. 56#20,20; 27,61; Мк 15,40.47; 16,1.9; Лк 24,10Меѓу нив беа Марија Магдалена и Марија, мајка им на Јаков и Јосиф, и мајката на Заведеевите синови.
Исусовиот погреб
(Мк 15,42-47; Лк 23,50-56; Јн 19,38-42)
57А кога се стемни, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој Му беше, исто така, ученик на Исус; 58#5 Мојс 21,22-23тој отиде кај Пилат и го побара телото Исусово. Тогаш Пилат нареди да му го дадат телото. 59#Јн 19,40А Јосиф, штом го зеде телото, Го завитка во чисто платно, 60#28,2; Ис 53,9; Мк 16,3-4; Дела 13,29и Го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа; па, откако постави голем камен над гробната врата, си отиде. 61#27,56; 28,1; Јн 19,25А таму беа Марија Магдалена и другата Марија, кои седеа спроти гробот.
Стража на Исусовиот гроб
62 #
Мк 15,42; Лк 23,54 На другиот ден, по петокот, се собраа првосвештениците и фарисеите кај Пилат, 63#16,21; 20,19и му рекоа: „Господаре, се сетивме дека Оној измамник, уште дури беше жив, рече: ‚По три дни ќе воскреснам!‘ 64#28,13; 2 Птр 2,20Затоа нареди да се причува гробот до третиот ден, за да не отидат учениците Негови ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ‚Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.“ 65Пилат им рече: „Имате стража; одете и осигурајте го како што знаете.“ 66Тие отидоа и со стража го осигураа гробот, а каменот го запечатија.
Currently Selected:
Матеј 27: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: