Изреки 3
3
Мудрост и послушност кон Бога
1 #
4,5; 2 Мојс 20,6; 5 Мојс 30,16; Пс 119,61 Синко, не заборавај ја поуката моја и срцето твое да ги чува заповедите мои; 2#3,16; 4,10; 9,11; 10,27; Пс 91,16; 119,165зашто тие ќе ти придадат долги дни, години на живот и мир. 3#1,9; 6,21; 7,3; 14,22; 5 Мојс 6,8; Ер 17,1; 2 Кор 3,3Милоста и вистината да не бидат скудни во тебе: обеси ги на вратот свој, напиши ги врз плочите на срцето свое, 4#8,35; 1 Сам 2,26; Пс 111,10; Лк 2,52; Рим 12,17па ќе најдеш милост и благоволение пред очите на Бога и на луѓето. 5#22,19; 23,4; Ис 5,21; Ер 9,23; Пс 37,3.5Надевај се на Господ од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. 6#16,3; Ис 45,13; 1 Лет 28,9По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки. 7#8,13; 16,6; Јов 28,28; Рим 12,16Не сметај се за мудрец; имај страв од Господ и бегај од злото: 8#4,22; 9,11тоа ќе биде здравје за твоето тело и лек за твоите коски. 9#2 Мојс 23,19; 5 Мојс 26,2; Ис 43,23; Мал 3,10Давај Му принос на Господ од имотот твој и од првините на плодовите од твоите придобивки, 10#5 Мојс 28,8; Јоил 2,24и твоите житници ќе се исполнат до врвот, а твоите преси ќе се прелеваат од вино. 11#Јов 5,17; Евр 12,5Не занемарувај ја, синко, казната од Господ, и да не ти е тешко од Неговото укорување; 12#5 Мојс 8,5; Откр 3,19зашто кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото синот свој што го љуби.
Мудрост и среќа
13 #
8,32-36
Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил разум; 14#8,19; 16,16; Јов 28,15подобро е да ја добиеме неа, отколку ризници со сребро и злато; 15#8,11; Јов 28,18таа е поскапа и од скапоцените камења; и сѐ што ти е мило, не може да се спореди со неа. 16#3,2; 8,18; 22,4; Пс 112,3Во десницата нејзина е долговечноста, а во левицата ѝ е богатството и честа; 17#16,7; Пс 119,165патиштата нејзини се пријатни патишта, и сите патеки нејзини се спокојни. 18#11,30; 13,12; 15,4; 1 Мојс 2,9; Откр 2,7Таа е дрво на животот за оние, што ја придобиваат, и блажени се, оние кои ја запазуваат. 19#8,27-28; Пс 104,24Господ со мудрост ја основа земјата, со разум ги утврди небесата; 20#1 Мојс 7,11; 5 Мојс 33,28; Јов 36,28преку Неговата мудрост се отвораат бездните, и облаците пуштаат роса.
Господ го чува мудриот
21 #
4,21; 8,14 Синко, не испуштај ги од превид овие работи; запази ја мудроста и разумот; 22#1,9; 4,22; 8,35; 16,22; 21,21; 5 Мојс 32,47тие ќе бидат живот за душата твоја и украс на вратот твој; 23#4,12; 10,9; Ис 5,27; 63,13; Пс 91,12; 121,3тогаш ќе одиш безопасно по патот свој, и ногата твоја нема да се сопне. 24#1,33; 6,22; Пс 3,4; 4,8; Јов 11,19Кога ќе легнеш да спиеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, сонот ќе ти биде пријатен. 25#Пс 91,5; Јов 5,21; 1 Птр 3,6.14Нема да се исплашиш од ненадеен страв, ниту од напад, кој доаѓа од безбожниците, 26#1 Сам 2,9бидејќи Господ ќе биде на сите твои патишта и ќе ја запази ногата твоја од препнување. 27#Рим 13,7; Гал 6,10Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне. 28#3 Мојс 19,13; 5 Мојс 24,15Не вели му на пријателот свој: „Оди си и дојди пак; утре ќе ти дадам“ кога си во состојба да му помогнеш. 29#6,14; 14,22Не крој зло против ближниот свој, кога тој со доверба живее кај тебе. 30#26,17; Рим 12,18Не карај се со човек без причина, кога не ти направил никакво зло. 31#4,14; 24,1; Пс 37,1Не завидувај му на човек кој постапува насилно, и не избирај ни еден од патиштата негови, 32#11,20; Пс 25,14; Јов 29,4зашто на Господ Му е одвратен безбожникот, а близок е со праведникот. 33#12,7; 14,11; 5 Мојс 11,28; Мал 2,2; Јов 8,6Проклетството Господово е врз домот на безбожниот, а живеалиштето на праведниот Бог го благословува. 34#Јк 4,6; 1 Птр 5,5Над оние што се подигруваат, Тој им се потсмева, а на смирените им дава благодат. 35#14,18; 28,10Мудрите ќе наследат слава, а безумните – срам.
Currently Selected:
Изреки 3: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: