Римјаните 15
15
Угоди му на својот ближен
1Ние, силните, должни сме да ги поднесуваме слабостите на немоќните, и да не си угодуваме на себеси. 2#14,19Секој од нас должен е на својот ближен да му угодува со она што е добро за неговата надградба. 3#Пс 69,10Зашто и Христос не си угоди на Себе Самиот, туку како што е напишано: „Подбивите на оние што Ти се подбиваа, паѓаат врз Мене.“ 4#4,23-24; 1 Кор 10,6.11; 2 Тим 3,16А сѐ што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж. 5#12,16; 1 Кор 1,10; Фил 2,2; 4,2А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие меѓу себе, според примерот на Христос Исус, 6та еднодушно и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос.
Евангелие за сите луѓе
7Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими, заради славата Божја. 8#Мт 15,24; Дела 3,25-26Но велам дека Исус Христос стана служител на обрезаните поради Божјата вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците, 9#2 Сам 22,50; Пс 18,50а, пак, незнабошците да Го прослават Бога за милосрдието, како што е напишано: „Затоа Те прославувам, Господи, меѓу незнабошците и ќе Го воспеам Твоето име.“ 10#5 Мојс 32,43И понатаму се вели: „Развеселете се, незнабошци, со Неговиот народ!“ 11#Пс 117,1И понатаму: „Фалете Го Господ сите незнабошци, и прославете Го, сите народи!“ 12#Ис 11,10; Мт 12,21; Откр 5,5Исаија, исто така вели: „Ќе постои коренот Јесеев и Издигнатиот од него ќе владее над народите; на Него ќе се надеваат народите.“ 13А Бог на надежта нека ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух вашата надеж да се преумножува.
Павловиот мисионерски потфат
14И јас сум уверен за вас, браќа мои, дека и вие сте полни со добрина, исполнети со секакво знаење и дека можете да се поучувате еден со друг. 15#1,5Но ви пишав, браќа, нешто малку послободно, за да ве потсетам со благодатта што Бог ми ја даде, 16#1,9; 11,13; 12,1; Фил 2,17за да Му бидам служител на Исус Христос меѓу незнабошците и свештенодејствено да го извршувам Божјото Евангелие, за да бидат незнабошците благопријатен принос, осветен од Светиот Дух. 17#5,2И така, со тоа можам да се пофалам во Исус Христос кај Бога, 18#1,5зашто не се осмелувам да говорам за она што Христос не го извршил преку Мене со зборови и дела, 19#2 Кор 12,12со силата на знаци и чуда, со силата на Божјиот Дух, која ги води незнабошците кон послушност во верата, така што Евангелието Христово го распространува од Ерусалим и неговата околина и сѐ до Илирик. 20#1 Кор 3,10; 2 Кор 10,15-16И така, се погрижив да го проповедам Евангелието не таму каде што името Христово беше веќе познато, за да не ѕидам врз туѓ темел. 21#Ис 52,15Но, како што е напишано: „Оние, на кои не им е јавено за Него, ќе видат; и оние што не беа чуле, ќе разберат.“
Павловите планови за патување во Рим
22Токму тоа многупати ме попречуваше да дојдам кај вас. 23Сега, пак, бидејќи нема веќе место за мојата работа во овие земји, а уште од пред многу години копнеев да дојдам кај вас, 24#1 Кор 16,6кога ќе тргнам за Шпанија, се надевам дека ќе ве видам на минување и дека натаму вие ќе ме испратите, откако најнапред ќе ви се порадувам. 25#Дела 19,21А сега одам во Ерусалим за да им послужам на светиите, 26#2 Кор 8,1; 9,2.12; Гал 2,10зашто Македонија и Ахаја одлучија да дадат некаков прилог за сиромашните светии во Ерусалим. 27#1 Кор 9,11; Гал 6,6Тие така тоа го одлучија, а и должни им се. Бидејќи, ако незнабошците станаа соучесници во нивните духовни блага, тогаш тие се должни ним да им служат со материјални блага. 28#15,24А откако ќе го направам ова и ќе им го запечатам овој плод, преку вашата земја ќе заминам за Шпанија. 29А знам дека, кога ќе дојдам кај вас, ќе дојдам со полн благослов на Христовото Евангелие. 30#2 Кор 1,11Браќа, ве молам поради нашиот Господ Исус Христос и поради љубовта на Духот, помагајте ми со своите молитви кон Бога за мене, 31#Дела 20,3за да се избавам од оние што не веруваат, кои се во Јудеја, и моето служење во Ерусалим да им биде благопријатно на светиите; 32#1,10та радосен да дојдам кај вас со Божјата волја и да се успокојам со вас. 33#2 Кор 13,11; Фил 4,9А Бог на мирот нека биде со сите вас. Амин!
Currently Selected:
Римјаните 15: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: