Римјаните 9
9
Бог и одбраниот народ
1 #
2 Кор 12,7
Ви зборувам вистина во името на Христос, не лажам – тоа го сведочи мојата совест во Светиот Дух – 2дека има голема тага и непрестана болка во моето срце. 3#2 Мојс 32,32; 1 Кор 16,22; Гал 1,8Зашто повеќе би сакал јас да бидам проклет и одвоен од Христос за браќата свои, моите сродници по тело. 4#3,2; 2 Мојс 4,22; 5 Мојс 7,6; Ос 11,1; Дела 13,17; Ефес 2,12Тие се Израелци – ним им припаѓа посинувањето и славата и заветите, ним им беше даден Законот, и богослужењето и ветувањата; 5#1,3; Мт 1,1-16; Лк 3,23-38; Јн 1,1-4; Тит 2,13; 1 Јн 5,20нивни се и татковците, од кои потекнува и Христос, Кој е Бог на сите, благословен до века. Амин! 6#2,28; 4 Мојс 23,19; Ис 55,10-11А не е можно словото Божјо да изневерило: бидејќи не се Израел сите оние што се од Израел. 7#1 Мојс 21,12; Евр 11,18Ниту, пак, се сите потомци Авраамови, затоа што се негови чеда; но речено е: „Од Исак потомството ќе се нарече со твое име.“ 8#Јн 8,31-44; Гал 3,7.29; 4,21-31Односно, не чедата на телото се чеда Божји, туку чедата на ветувањето ќе се признаат како потомци. 9#1 Мојс 18,10.14Бидејќи зборовите на ветувањето се овие: „Во тоа време ќе дојдам и Сара ќе има син.“ 10#1 Мојс 25,21И не само таа, но и Ревека, која наеднаш зачна од Исак, нашиот татко, 11зашто, уште додека не се беа родиле близнаците и сѐ уште ништо не беа направиле, добро или лошо, за да остане Божјата одлука, онаа според слободен избор, да не зависат од делата, туку 12#1 Мојс 25,23според Оној Кој повикува, ѝ беше речено: „Постариот ќе му служи на помладиот“, 13#Мал 1,2-3како што е напишано: „Јаков го возљубив, а Исав го намразив.“ 14#5 Мојс 32,4Што да речеме пак? Зар има неправда во Бога? Никако! 15#2 Мојс 33,19Зашто Тој му рече на Мојсеј: „Ќе покажам милост кон оној што ќе го помилувам, и сожалување кон оној што ќе го сожалам.“ 16#Ефес 2,8; Тит 3,5И затоа, изборот не зависи од оној кој пожелува, ниту од оној кој трча, туку од Бога, Кој покажува милост. 17#2 Мојс 9,16Зашто Писмото му вели на фараонот: „Токму за тоа те издигнав, за да ја покажам над тебе Својата моќ и името Мое да биде проповедано по целата земја.“ 18#2 Мојс 4,21Па така, му искажува милост кому што сака, и го закоравува кого што сака.
Божјиот гнев и Божјата милост
19Но ти секако ќе ми речеш: „А зошто тогаш уште нѐ кори?“ А кој може да се спротивстави на Неговата волја? 20#Ис 29,16; 45,9Ама, човеку, кој си ти што така се спориш со Бога? Зарем она што е ракотворено ќе му рече на својот мајстор: зошто си ме направил такво? 21#Ис 29,16; 64,7; Ер 18,6; 2 Тим 2,20Или, пак, грнчарот – зарем не е господар над својата глина, па од една и иста смеса да направи еден сад за почесна, а друг за нечесна употреба? 22#2,4; 3,25-26; Изреки 16,4Што, ако Бог, сакајќи да го покаже гневот Свој и да ја пројави Својата моќ, со голема долготрпеливост трпел некои садови на гневот, приготвени за погибел, 23#8,29-30; Ефес 1,3-12; Фил 4,19за да го покаже богатството на Својата слава над садовите на милосрдието што Тој однапред ги приготвил за слава, 24над нас, кои нѐ повика не само од Јудејците, туку и од незнабошците? 25#Ос 2,25; 1 Птр 2,10Така се вели и во книгата на Осија: „Ќе го наречам Мој народ оној кој не беше Мој народ, и возљубена – онаа што не беше возљубена.“ 26#Ос 2,1И на она место, каде што им беше речено: „Вие не сте Мој народ“, таму ќе бидат наречени синови на живиот Бог. 27#11,5; Ис 10,22-23; Ос 2,1; Соф 3,12-13А Исаија извика за Израел: „Кога Израеловите синови би биле бројни како морскиот песок, само остатокот ќе биде спасен“, 28зашто ќе го заврши делото и ќе реши по правда: „Господ ќе го изврши во потполност словото на земјата.“ 29#Ис 1,9И како што прорече Исаија: „Ако Господ Саваот не ни беше оставил потомство, ќе станевме како Содом и ќе заприлегавме на Гомора.“
Израел и Евангелието
30 #
10,6.20; Фил 3,9 И што да кажеме сега? Незнабошците, кои не бараа праведност, добија праведност, и тоа праведност што доаѓа од верата. 31#10,2-9; 11,7И Израел, кој тежнееше кон некаков закон за праведност, не го достигна Законот на правдата. 32#Ис 8,14; 28,16; 1 Птр 2,8Зошто? Зашто не го побара од вера, туку од делата на Законот. Се препна од каменот за сопнување, 33#10,11; Ис 8,14; 28,16; Мт 21,42; 1 Птр 2,6.8како што е напишано: „Еве, полагам на Сион камен за сопнување и карпа за соблазна; и секој, кој верува во Него нема да се посрами.“
Currently Selected:
Римјаните 9: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: