YouVersion Logo
Search Icon

2 ПЕТРОВО 2

2
Бог ќе ги суди лажните учители
1А имаше и лажни пророци во народот, како што ќе има и меѓу вас лажни учители, кои тајно ќе внесуваат гибелни кривоверства и ќе Го одречуваат Господа, Кој ги откупил, навлечувајќи врз себе брза погибел. 2И мнозина ќе тргнат по нивната разузданост, заради кои ќе се хули патот на вистината. 3И во лакомство ќе ве искористуваат со измислени зборови, но нивното осудување е одамна готово и нивната гибел не дреме.
4Зашто ако Бог не ги поштеди ангелите, кои згрешија, туку ги фрли во мрачните бездни и ги предаде да бидат чувани за судот; 5и ако не го поштеди стариот свет, туку го запази само Ное, проповедникот на правдата, со уште седум души, кога наведе потоп врз безбожничкиот свет; 6ако ги осуди на пропаст градовите Содом и Гомор и ги претвори во пепел, и ги постави за пример на идните безбожници; 7и ако го избави праведниот Лот, кого го мачеше развратниот живот на беззакониците, 8- зашто овој праведник, живеејќи меѓу нив, ја измачуваше одден-наден својата праведна душа, гледајќи ги и слушајќи ги нивните беззаконски дела, - 9тоа значи дека Господ знае како да ги избави побожните од искушенија, а неправедните да ги запази за казнување до денот на судот; 10а особено оние, кои одат по нечистите похоти на телото и го презираат господството. Како дрски и своеволни луѓе тие не се плашат да ги хулат величествата, 11додека ангелите, кои се поголеми по сила и снага, не изговараат хулна осуда против нив пред Господа.
12А овие, како неразумни животни, кои се по природа определени да бидат ловени и истребувани, хулат на она што не го знаат, и самите ќе загинат во својот разврат, 13добивајќи казна за неправдата. Тие го сметаат развратниот живот дење за своја наслада, валкани и срамни се тие, кои се честат со своите измами кога се гостат со вас. 14Нивните очи се полни со прељуба и не се одречуваат од гревот; тие ги заведуваат неутврдените души: имаат срце научено на лакомство; тие се деца на проклетството. 15Го оставија вистинскиотпат и заблудија, и тргнаа по патот на Валаама, синот Восоров, којпосака неправедна плата, 16но прими укор за своето беззаконие: нема ослица проговори со човечки глас и го спречи пророковотобезумство. 17Тоа се безводни извори и облаци, што ги тера виорот; за кои се пази темен мрак засекогаш. 18Зашто со тоа што зборуваат високозвучни и суетни зборови ги мамат преку телесните страсни желби и преку разузданост оние, кои што туку избегале од оние кои живеат во заблуда; 19им ветуваат слобода, а самите ѝ робуваат на расипаноста, зашто од што е некој победен, на тоа и му робува. 20Зашто ако оние кои со вистинското познавање на Господа, Спасителот Исуса Христа ѝ избегаа на светската расипаност и пак се заплеткуваат во неа, и ако таа ги победи, тогаш последново им станува полошо од првото. 21Имено, за нив би било подобро да не го познаваа патот на правдата, отколку, откако го познаа, да се одвратат од светата заповед, која им е предадена. 22Ним им се случува она што вели вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блувотина,“ и „Искапената свиња се враќа да се валка во калта.“

Currently Selected:

2 ПЕТРОВО 2: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in