YouVersion Logo
Search Icon

БИТИЕ 10

10
Родословие
1Ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои им се родија синови после потопот. 2Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас. 3А Гомерови синови: Асханаз, Рифат и Тогарма. 4А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим. 5Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи.
6Хамови синови: Хус, Мицраим, Фут и Ханаан. 7А Хусови синови: Сева, Евила, Савта, Рама и Савтека. Рамови синови: Шева и Дедан. 8Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата. 9Тој беше добар ловец пред Господа. Затоа се вели: „Голем ловец, пред Господа, како Нимрод!“ 10Во почеток тој царуваше над Вавилон, Ерех, Акад и Халне, во Сенарската Земја. 11Од таа земја излезе Асур и ги изгради: Ниневија, Ровот-Ир, Халах 12и Ресен, меѓу Ниневија и Халах, што е голем град. 13Од Мицраим произлегоа: Лудимците, Анамимците, Левиамците, Нафтухимците, 14Патрусимците, Каслухимците, од кои потекнуваат Филистејците, и Кафторимците. 15Од Ханаан потекнуваат: неговиот првенец Сидон и Хете. 16Натаму: Евусејците, Аморејците, Гергесејците, 17Евејците, Арукејците, Асенејците, 18Арватците, Цемарејците и Аматејците. Потоа хананските племиња се раширија, 19така што ханаанските предели се тегнеа од Сидон кон Герар, сѐ до Газа, па кон Содом и Гомор, Адма и Цевоим до Лаша. 20Тоа се Хамовите синови, според своите племиња и јазици, според своите земји и народи. 21А и на Сим - прататко на сите Еверовци и постар Јафетов брат - му се родија синови.
22Симови синови: Елам, Асур, Арфаксад, Луд и Арам. 23А Арамови синови: Уз, Ул, Гетер и Маш. 24И на Арфаксад му се роди Сала, а на Сала му се роди Евер. 25А на Евера му се родија два сина; името на едниот беше Фалек, зашто во негово време се раздели земјата; а името на неговиот брат беше Јоктан. 26Од Јоктана се родија: Алмодад, Шалеф, Хацармавет, Јарах, 27Адорам, Узал, Дикла, 28Овал, Авимаил, Шева, 29Офир, Евил и Јовав; сите тие беа Јоктанови синови. 30Нивните населби се тегнеа од Меша сѐ до Сефар, планинско подрачје на исток. 31Тоа се Симовите синови според своите племиња, јазици, земји и народи. 32Тоа се семејствата на Ноевите синови според нивните поколенија, во нивните народи. Од нив се раширија народите по земјата, после потопот.

Currently Selected:

БИТИЕ 10: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in