БИТИЕ 24
24
Исакова женачка
1Авраам беше остарен, навлезен во години. Господ го благослови Авраама во сѐ. 2Авраам му рече на својот најстар слуга во куќата, кој управуваше со сѐ што беше негово: „Стави ја својата рака под моето бедро, 3да те заколнам во Господа, во Бога на небото и Бога на земјата, дека нема да земеш за мојот син за жена ниедна од ќерките на Хананците, меѓу кои живеам, 4туку ќе отидеш во мојот роден крај и ќе му земеш жена на мојот син Исак. 5А слугата му рече: „А што, ако жената не сака да дојде со мене во оваа земја? Треба ли тогаш да го одведам твојот син во земјата откаде си дошол?“ 6Авраам му одговори: „Внимавај добро да не го вратиш таму мојот син! 7Господ, Бог на небесата, Кој ме изведе од куќата на мојот татко и од мојот роден крај и Кој ми вети под заклетва: ‘На твоето потомство ќе му ја дадам оваа земја,’ ќе го испрати Својот ангел пред тебе, и оттаму ќе му доведеш жена на мојот син. 8А ако жената не сака да тргне со тебе, ти ќе бидеш слободен од мојава заклетва; но мојот син не води го таму!“ 9Така слугата ја стави својата рака под бедрото на својот господар Авраам и му се заколна.
10Слугата подготви десет господареви камили, зеде со себе секакви блага, и се запати за Месопотамија, во Нахоровиот град. 11Ги остави камилите да клекнат надвор од градот, покрај кладенец. Беше вечер, кога жени излегуваат да налеат вода. 12Тогаш рече: „О, Господи, Боже на мојот господар Авраам, Те молам, излези ми денес во пресрет и искажи му милост на мојот господар Авраам! 13Еве ме крај кладенец, а ќерките на оние од градот доаѓаат да нацрпат вода; 14и нека девицата на која ѝ речам: ‘Те молам, спушти ја твојата врчва да се напијам,’ а таа ми одговори: ‘Пиј! Ќе ти ги напојам и камилите,’ - биде онаа, што си ја одредил за својот слуга Исак. Така ќе разберам дека си покажал милост кон мојот господар.“
15Штом го дорече тоа, ете! дојде Ревека, ќерка Ватуилова. Тој Ватуил ѝ беше син на Мелха, Авраамова снаа од братот Нахор. Дојде со врчва на рамо. 16Девојката беше прекрасна, девица која маж не ја допрел. Таа слезе при кладенецот, ја наполни врчвата, и ете ја пак горе. 17Слугата ѝ се затрча во пресрет и ѝ рече: „Дај ми малку вода од твојата врчва!“ 18„Пиј, господине!“ - одговори таа. Брзо ја спушти врчвата на рака и му даде да пие. 19Откако го напи него, рече: „Ќе им налеам и на твоите камили, за да се напијат.“ 20Откако ја излеа бргу врчвата во поилото, отрча назад до кладенецот за да црпи повторно, и така им налеа на сите негови камили. 21Човекот ја набљудуваше со молчење, не би ли сознал дали Господ го приведе успешно кон крај неговиот пат или не.
22Кога камилите прекратија да пијат, човекот извади златна обетка, тешка половина сикал, и ѝ ја стави на нејзините носалки, а на рацете ѝ стави златни гривни, тешки десет сикли. 23Потоа рече: „Чија ќерка си? Дали има во куќата на татка ти место за нас, да преноќеваме?“ 24Таа му одговори: „Јас сум ќерка на Ватуил, кого Мелха му го роди на Нахора.“ 25Уште рече: „Има кај нас слама и храна во изобилство, а и место за ноќевање.“ 26Човекот тогаш се поклони длабоко, па му искажа почит на Господа, 27и проговори: „Благословен да биде Господ, Бог на мојот господар Авраам, што не го лиши мојот господар од Својата љубов и од Својата верност. Господ ме водеше мене по прав пат, во куќата на братот на мојот господар.“
28Девојката отрча и го раскажа сѐ тоа во куќата на мајка си. 29А Ревека имаше брат, чие име беше Лаван. Лаван побрза надвор, кон човекот при кладенецот. 30Штом ги виде носната обетка и гривните на рацете на својата сестра и чу како неговата сестра Ревека рече: „Вака ми зборуваше човекот,“ тој тргна кон оној, што уште стоеше до камилите на изворот. 31Тој рече: „Влези внатре, благословен од Господа! Зошто стоиш надвор? Кога јас ја подготвив куќата и место за камилите.“ 32Така човекот влезе во куќата. Ги растоварија камилите и им дадоа слама и храна; а нему и на луѓето, што го придружуваа, им донесоа вода, за да си ги измијат нозете. 33Но кога ставија храна пред него, рече: „Нема да јадам додека не кажам што има да кажам.“ А Лаван му рече: „Тогаш кажувај!“
34„Јас сум Авраамов слуга - почна тој. - 35Господ го благослови мојот господар премногу, па стана богат. Му даде овци и говеда, сребро и злато, слуги и слугинки, камили и ослиња. 36Сáра, жената на мојот господар, му роди син откако остаре, и му отстапи сѐ свое. 37Потоа мојот господар ме заколна мене, велејќи: ‘Не земај за мојот син девојка Ханаанка за жена, во земјата во која живеам како туѓинец, 38туку отиди во домот на мојот татко, при мојот род, за да најдеш жена за мојот син.’ 39А јас му реков на својот господар: ‘А што, ако жената не сака да тргне по мене?’ 40Тој ми одговори: ‘Господ, пред чие лице одев, ќе го испрати Својот ангел со тебе, и твоето патување ќе го доведе до целта, и ти ќе најдеш жена за мојот син од мојот род, од семејството на татка ми. 41Единствено вака ќе бидеш ослободен од мојата заклетва: ако дојдеш при моите роднини, а тие те одбијат, слободен си од мојата заклетва.’ 42Денес пристигнав до изворот и реков: ‘Господи, Боже на мојот господар Авраам, ако си волен да го завршам успешно патувањето што го презедов, 43јас, ете, ќе стојам крај кладенецот, а девојката која ќе дојде да налее вода и јас ѝ речам: „Дај ми да се напијам малку вода од твојата врчва!“ - 44и која ќе ми рече: „Пиј ти, а ќе им нацрпам и на твоите камили!“ таа нека биде жената, која Господ ја одреди за синот на мојот господар.’
45Штом го свршив зборувањето во себе, кога - ете - се појави Ревека со врчва на рамото; слезе до изворот и нацрпи. Јас ѝ реков: ‘Дај ми да се напијам!’ 46Таа бргу ја спушти врчвата и одговори: ‘Пиј! А ќе ги напојам и твоите камили.’ Така се напив јас, а таа ги напои и моите камили. 47Ја прашав: ‘Чија ќерка си?’ Ми одговори: ‘Ќерка сум на Ватуил, кого Мелха му го роди на Нахора.’ Тогаш ѝ ја ставив обетката на нос, а гривните на раце. 48Се поклонив длабоко и Му искажав почитување на Господа, па Го благословив Бога, Бога на мојот господар, Кој ме водеше по прав пат, за да ја земам ќерката на братот на мојот господар за неговиот син. 49А сега, ако сакате да искажете љубов и верност кон мојот господар, речете ми; ако ли не, кажете ми го тоа, така да можам да тргнам или надесно или налево.“
50Тогаш, Лаван и Ватуил одговорија: „Тоа доаѓа од Господа; ние тука не можеме да речеме ни лошо ни добро. 51Ете, Ревека е пред тебе: земи ја и оди си, нека му биде жена на синот на твојот господар, како што рекол Господ.“ 52Кога Авраамовиот слуга ја чу нивната согласност, Му се поклони на Господа до земја. 53Потоа слугата извади сребрени и златни предмети, и облеки, и ѝ ги даде на Ревека, а им даде дарови и на нејзиниот брат и на мајката. 54Тогаш јадеа и пиеја тој и луѓето кои беа со него, и ја поминаа ноќта. Кога станаа утрото, тој рече: „Пуштете ме да се вратам при својот господар!“ 55А нејзиниот брат и мајка ѝ одговорија: „Девојката нека остане со нас уште десет дни, па потоа тргни!“ 56Тој им рече: „Не задржувајте ме, кога Господ го приведе успешно моето патување. Пуштете ме да се вратам при својот господар!“ 57Тие одговорија: „Да ја повикаме девојката и да ја прашаме што мисли таа!“ 58Ја повикаа Ревека и ја прашаа: „Сакаш ли да тргнеш со овој човек?“ Таа одговори: „Сакам.“ 59И така ги испратија својата сестра и нејзината доилка, со Авраамовиот слуга и со неговите луѓе. 60Ја благословија Ревека и ѝ рекоа: „Сестро наша, биди им мајка На неброени илјади; А твоите потомци Да ги заземаат вратите на своите непријатели!“ 61Тогаш Ревека и нејзините прислужнички станаа, ги јавнаа камилите и тргнаа со човекот. Така човекот ја зеде Ревека и замина.
Ревека му станува жена на Исака
62Исак се врати од близината на Вир-Лахај-Рои; имено живееше во крајот Негев. 63Во предвечерје, Исак излезе да се прошета по полето; ги подигна очите и ги виде камилите, како доаѓаат. 64Кога Ревека, подигнувајќи ги своите очи, го виде Исака, слезе од камилата 65и го праша слугата: „Кој е оној човек, кој ни иде во пресрет по полето?“ А слугата одговори: „Тој е мојот господар.“ И таа го зеде превезот и се покри. 66Слугата му раскажа на Исака сѐ што извршил. 67Тогаш Исак ја воведе Ревека во шаторот на својата мајка Сáра и ја зеде за своја жена. Во љубовта кон неа Исак најде утеха по смртта на мајка си.
Currently Selected:
БИТИЕ 24: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: