БИТИЕ 37
37
Јосиф продаден во ропство
1А Јаков се настани во земјата, во која татко му престојуваше како придојденик - во Ханаанската Земја. 2Еве ја Јакововата историја. Како момче, на седумнаесет години, Јосиф ги чуваше стадата, со своите браќа, со синовите на Вала и Зелфа, кои беа жени на татка му. Јосиф му носеше на татка си лоши гласови за нив. 3Јаков го љубеше Јосифа повеќе од кој и да е свој син, зашто беше дете на неговата старост, и тој му направи шарена облека. 4Но неговите браќа забележија дека татко им го љуби повеќе од сите други свои синови, па го замразија толку, што не можеа да му речат ни пријатен збор.
5Еднаш Јосиф сонуваше сон, и им го раскажа на своите браќа, а тие го замразија уште повеќе заради тоа. 6„Чујте го сонот - им рече - што го видов! 7Замислете! Врзувавме снопови во средината на полето, кога одеднаш мојот сноп се исправи и застана нагоре. Тогаш вашите снопови се собраа наоколу и му се поклонија на мојот сноп.“ 8Неговите браќа го прашаа: „Да не сакаш да зацаруваш над нас? Сакаш ли да ни бидеш господар?“ И го замразија уште повеќе, заради неговото раскажување на соништата. 9Тој виде уште еден сон и им го раскажа на своите браќа: „Сонував уште еден сон. Внимавајте! Сонцето, месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа длабоко!“ 10Кога му го раскажа тоа на својот татко, татко му го укори и му рече: „Што значи сонот што го сонуваше? Зар ќе дојдеме: јас, мајка ти и браќа ти, па да ти се поклонуваме до земја?“ 11И додека неговите браќа му беа лути, од завист, татко му размислуваше за сѐ.
12Еднаш неговите браќа отидоа да ги чуваат татковите стада во близина на Сихем. 13Израел му рече на Јосифа: „Твоите браќа ги чуваат стадата при Сихем, па ајде да те испратам кај нив.“ Тој му одговори: „Добро, одам.“ 14Потоа татко му му рече: „Оди и види како се браќа ти и добитокот, па извести ме.“ Така го испрати од долината Хеврон, и тој стигна во Сихем. 15Некој човек го најде како скита по полето, и го праша: „Што бараш?“ 16„Ги барам браќата“, одговори. „Можеш ли да ми кажеш каде ги чуваат стадата?“ 17А човекот рече: „Заминаа оттука. Ги чув како зборуваат: „Да одиме во Дотан.“ Така Јосиф замина по своите браќа и ги најде во Дотан. 18Тие го здогледаа оддалеку; пред да им се приближи, почнаа да се договараат за да го убијат. 19Си рекоа еден на друг: „Ене го стигнува сонувачот! 20Ајде, да го убиеме сега и да го фрлиме во некоја јама! Можеме да речеме дека го изеде див ѕвер. Ќе видиме што ќе биде од неговите соништа!“ 21Но кога Рувим го чу тоа, се обиде да го избави од нивните раце. И рече: „Да не му го одземаме животот! 22Не пролевајте крв - зборуваше натаму Рувим. - Фрлете го во јама за вода во пустината, ама не кревајте раце на него!“ Така сакаше да го избави од нивните раце и да го одведе при таткото. 23Но кога Јосиф стигна при браќата, тие му ја соблекоа неговата облека, шарената облека што беше на него; 24го грабнаа и го фрлија во јама за вода. Јамата беше празна; немаше вода во неа.
25Потоа седнаа да ручаат. Кога ги подигнаа своите очи, здогледаа поворка Исмаилци, како доаѓаат од Галад. Нивните камили носеа: мириси, балсами и смирна, за да ги препродадат во Египет. 26Тогаш Јуда им рече на своите браќа: „Што ќе постигнеме ако го убиеме брата си, а ја скриеме неговата крв? 27Ајде, да го продадеме на Исмаилците; но да не дигаме рака на него. Зашто тој е наш брат, наше месо.“ Браќата го послушаа. 28Тогаш пристигнаа луѓе, мадијамски трговци. Браќата го извлекоа од јамата за вода и им го продадоа на Исмаилците за дваесет сребреници, а тие го одведоа Јосифа во Египет.
29Кога Рувим се врати до јамата за вода и виде дека го нема Јосифа во јамата за вода, ја скина својата облека. 30А кога се врати при своите браќа, извика: „Детето го нема! Каде ќе се скријам сега јас!“ 31А тие ја зедоа Јосифовата облека, заклаа едно јаре и облеката ја натопија во крв. 32Му ја испратија шарената облека на таткото и му порачаа: „Го најдовме ова! Гледај, дали е ова облеката на твојот син или не е?“ 33Тој ја препозна и рече: „Облеката е на мојот син! Див ѕвер го растрга! Јосиф е растрган на делови!“ 34И Јаков ја скина својата облека, стави покорничко вреќиште околу половина, и долго време го оплакуваше својот син. 35Сите негови синови и сите негови ќерки настојуваа да го утешат, но тој не можеше да се утеши. Велеше: „Со тага ќе слезам при својот син во подземјето. Така го оплакуваше неговиот татко. 36А Мадијамците го продадоа, во Египет, на Петефриј, фараонов царедворец, началник на телохранителите.
Currently Selected:
БИТИЕ 37: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: