YouVersion Logo
Search Icon

ЈОВАН 21

21
Исусово јавување во Галилеја
1Потоа Исус им се јави пак на учениците, на Тиверија-дското Море; имено, им се јави вака: 2Симон Петар и Тома, на-речен Близнак, Натанаил од Кана Галилејска и Зеведеевите синови, и други двајца од Неговите ученици, беа заедно. 3Симон Петар им рече: „Одам да ловам риби!“ Му рекоа: „Доаѓаме и ние со тебе.“ Така излегоа и влегоа во кораб, но таа ноќ не фатија ништо. 4А кога се разденуваше, Исус застана на брегот; но учениците не знаеја дека е Исус. 5Исус им рече: „Деца, имате ли нешто за јадење?“ Му одговорија: „Немаме.“ 6А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата оддесно на коработ и ќе најдете.“ И така, ја фрлија, и веќе не можеа да ја извлечат од мноштво риби. 7Тогаш ученикот - кого Исус го љубеше - му рече на Петра: „Господ е.“ Штом Симон Петар чу дека е Господ, си ја препаша облеката, зашто беше необлечен, и скокна во морето. 8А другите ученици дојдоа со коработ - влечејќи ја мрежата со рибите, зашто не беа далеку од копното, туку околу двеста лакти.
9Кога пак излегоа на земјата, видоа: положена жар, и риба врз неа, и леб. 10Исус им рече: „Донесете од рибите, што ги фати-вте сега!“ 11Тогаш Симон Петар влезе во коработ и извлече на брегот мрежа полна со големи риби - сто и педесет и три. Иако беа толку многу, мрежата не се скина. 12Исус им рече: „Дојдете и јадете!“ Но ниеден од учениците не се осмели да Го праша: „Кој си Ти?“- зашто знаеја дека е Господ. 13Исус дојде, зеде леб и им даде; и риба исто така. 14Тоа веќе беше трет пат како Исус им се јави на учениците, откако воскресна од мртвите.
15Откако завршија со појадокот, Исус му рече на Симона Петра: „Симоне Јонин, љубиш ли Ме повеќе отколку овие?“ тој Му рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам.“ Му рече: „Паси ги Моите јагниња!“ 16Му рече пак, по вторпат: „Симоне Јонин, љубиш ли Ме?“ Му рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам.“ Му рече: „Води ги Моите овци на пасење!“ 17Му рече по третпат: „Симоне Јонин, Ме сакаш ли?“ Петар се нажали дека по третпат го праша: „Ме сакаш ли?“ И Му рече: „Господи, Ти знаеш сѐ, Ти знаеш дека Те сакам.“ Исус му рече: „Паси ги Моите овци!“ 18Вистина, вистина ти велам: кога беше по-млад, се опашуваше сам и одеше каде што сакаше; но, кога ќе остариш, ќе ги рашириш твоите раце, и друг ќе те опашува и ќе те води каде што нејќеш. 19А ова го рече, навестувајќи со каква смрт ќе Го прослави Бога. Откако го кажа тоа, му рече: „Врви по Мене!“
20А Петар кога се заврти, и виде дека по нив иде ученикот, кого Исус го љубеше, кој на вечерата се потпре врз Исусовите гради и рече: „Господи, кој ќе Те предаде?“
21Штом Петар го виде, Му рече на Исуса: „Господи, а овој што?“ 22Исус му рече: „Ако сакам тој да остане додека не дојдам, што ти е тебе? Ти следи Ме!“ 23Така се разнесе зборот, меѓу браќата, дека оној ученик, нема да умре. А Исус не му рече, дека нема да умре, туку: „Ако сакам тој да остане додека не дојдам, што ти е тебе?“
24Овој е ученикот, кој сведочи за ова и кој го напиша ова; и знаеме дека неговото сведоштво е вистинско. 25А има и многу други работи, што ги направи Исус, но ако се запишуваше едно по едно - мислам дека напишаните книги не би можеле да бидат сместени во целиот свет. Амин!

Currently Selected:

ЈОВАН 21: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in