ЈОВ 42
42
4. Јовово покајание
1А Јов му одговори вака на Господа:
2„Јас знам, Твојата моќ е безгранична:
Што и ќе наумиш, можеш да го направиш тоа.
3Кој е тој што со безумни зборови
ја помрачува божествената промисла?
Затоа зборував, но не разбирав,
за чудесата што мене ми се несфатливи.
4О послушај ме, остави ме да зборувам:
Јас ќе Те прашувам, а Ти поучи ме.
5Досега Те познавав само по слушање,
но сега моите очи Те видоа.
6Затоа, се гнасам од сите свои зборови
и се каам во прав и пепел.“
ПОГОВОР
42:7-17
А. Јовова молитва за другарите
7Кога Господ му ги изговори на Јова овие зборови, Тој му рече на Теманецот Елифаз: „Ти и твоите два пријатели го распаливте Мојот гнев, зашто не зборувавте за Мене така право, како Мојот слуга Јов, 8Затоа, земете сега седум јунчиња и седум овни и отидете при Мојот слуга Јов, да принесете паленица за себе, а Мојот слуга Јов ќе се помоли за вас. Ќе имам обѕир кон него, и нема да ви сторам ништо лошо, зашто не зборувавте за Мене онака право, како Мојот слуга Јов.“ 9Тогаш отидоа Елифаз од Теман, Валдад од Сава и Софар од Наам и направија како што им заповеда Господ. И Господ погледна кон Јова.
Б. Јовов крај
10И Господ го врати Јова во поранешната состојба, зашто се застапи за своите пријатели, па му го удвои она што го имаше. 11Тогаш му се вратија на Јова сите негови браќа и сите негови сестри, и сите поранешни познати, па јадеа леб со него, во неговата куќа, жалејќи го и утешувајќи го заради сите неволји што Господ ги испрати на него. Секој му подари по еден сребреник и по еден златен прстен. 12Господ ја благослови новата Јовова состојба уште повеќе отколку поранешната. Стадата му броеја четиринаесет илјади овци, шест илјади камили, илјада двојки волови и илјада ослици. 13Имаше седум синови и три ќерки. 14На првата и го даде името Емима, на втората Касија, а на третата Керен-Апух. 15Во целиот тој крај немаше жени толку убави како Јововите ќерки. И таткото им даде еднакво наследство како и на нивните браќа. 16После тоа Јов доживеа сто и четириесет години и ги виде своите деца и децата на своите деца до четвртото поколение. 17Потоа Јов умре, стар, и сит од животот.
Currently Selected:
ЈОВ 42: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: