МАТЕЈ 12
12
Напади врз Христа, хула, Јонин знак
1Во она време, Исус минуваше низ посевите во сабота; а Неговите ученици огладнеа и почнаа да кинат класје и да јадат. 2А фарисеите штом го видоа тоа, Му рекоа: „Гледај, Твоите ученици прават, што не е дозволено да се прави во сабота.“ 3А Тој им рече: „Зар не сте читале што направи Давид, кога огладне тој и оние кои беа со него? 4Како влезе во Божјиот дом и ги изеде изложените лебови, што не смееја да ги јадат ни тој, ни неговите другари, а само свештениците? 5Или, зар не сте читале во Законот дека свештениците, во сабота во Храмот, ја осквернуваат саботата и не се виновни? 6Но Јас ви велам, има тука еден што е Поголем од Храмот. 7Ако би сте знаеле што значи: ‘Милост сакам, а не жртва,’ немаше да ги осудите невините. 8Зашто Синот Човечки е Господар и на саботата.“
9И кога си замина оттаму, дојде во нивната синагога. 10И ете, таму беше човек со исушена рака; и - за да Го обвинат - го прашаа, велејќи: „Дали е дозволено да се исцелува во саботите?“ 11А Тој им рече: „Кој човек од вас, ако има една овца, и таа падне во саботен ден во јама, не ќе ја фати и не ќе ја извади? 12А колку е поскап човекот од овцата. Затоа е дозволено да се прави добро во сабота.“ 13Тогаш му рече на човекот: „Протегни си ја раката!“ И тој ја протегна, и таа стана здрава како и другата. 14А фарисеите излегоа и се советуваа против Него, како да Го погубат. 15Но знаејќи го тоа, Исус се отстрани оттаму; а мнозина Го следеа и ги исцели сите, 16и ги предупреди да не разгласуваат за Него; 17за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој рече: 18“Еве Го Мојот Слуга, Кого Го избрав; Мојот Возљубен, во Кого Ми е милината на Мојата душа. Ќе Го положам Мојот Дух на Него и ќе им објави суд на народите. 19Нема да се препира, ниту ќе вика, ниту некој ќе го чуе Неговиот глас по улиците. 20Нема да докрши прекршена трска, ниту ќе угасне фитиљ што тлее, додека го изведе судот кон победа. 21И народите ќе се надеваат во Неговото Име.“
22Тогаш доведоа при Него еден опседнат од демон, кој беше слеп и нем; и го исцели, така што слепонемиот проговори и прогледа. 23И сите мноштва се восхитуваа и зборуваа: „Не е ли Овој Синот Давидов?“ 24А фарисеите, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој ги изгонува демоните само преку Велзевул, владетелот на демоните.“ 25Исус знаејќи ги нивните мисли, им рече: „Секое царство, разделено против себеси, запустува, и секој град или дом, кој се разделил против себеси, нема да опстане. 26И ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил против себеси, и како ќе опстане неговото царство? 27И ако Јас ги изгонувам демоните преку Велзевула, преку кого ги изгонуваат вашите синови? Затоа тие ќе ви бидат судии; 28но, ако Јас ги изгонувам демоните преку Духот Божји, тогаш царството Божјо дошло врз вас. 29Или, како може некој да влезе во куќа на силен човек и да му ја плени покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот, и тогаш ќе му ја ограби куќата? 30Кој не е со Мене, тој е против Мене; и кој не собира со Мене, растура. 31Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Духот нема да се прости. 32И ако некој рече збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако некој рече против Светиот Дух, нема да му се прости ниту во овој век, ниту во идниот. 33Или направете го дрвото добро, и неговиот плод добар; или направете го дрвото расипано, и неговиот плод расипан; зашто дрвото се познава по плодот. 34Породи змиини! Како можете да зборувате добро, кога сте зли? Зашто од преполнувањето на срцето зборува устата. 35Добриот човек од доброто сокровиште донесува добри нешта; а злиот човек од злото сокровиште донесува зли нешта. 36И ви велам, дека за секој празен збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден; 37зашто по твоите зборови ќе бидеш оправдан, и по твоите зборови ќе бидеш осуден.
38Тогаш некои од книжниците и фарисеите Му одговорија, велејќи: „Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе.“ 39А Тој им одговори и рече: „Зло и прељуботворно поколение бара знак, и нема да му се даде знак, освен знакот на Јона пророкот. 40Зашто, како што Јона беше во утробата на големата риба три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи.“ 41“Ниневијските мажи ќе станат на суд со ова поколение и ќе го осудат, зашто се покајаа од проповедта на Јона; а еве, тука е Поголем од Јона. 42Царицата на југот ќе се крене на суд со ова поколение и ќе го осуди; зашто дојде од краиштата на земјата, за да ја чуе мудроста на Соломон; а еве, тука е Поголем од Соломона.“ 43Кога нечистиот дух излегува од човек, минува низ безводни места барајќи одмор, и не го наоѓа. 44Тогаш вели: ‘Ќе се вратам во својата куќа, од каде излегов.’ И кога дојде, ја најде празна, изметена и уредена. 45То-гаш оди и зема со себе седум други духови, полоши од себе; и влегуваат и живеат таму; и последната состојба на оној човек станува полоша од првата, така ќе му биде и на ова зло поколение.“
Вистински Христови роднини
46Додека Тој уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да Му зборуваат. 47И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.“ 48А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?“ 49И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; 50зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.“
Currently Selected:
МАТЕЈ 12: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: