YouVersion Logo
Search Icon

ПСАЛМИ 2

2
Пророштво за Царството на Месија
1. Отфрлање на Месија
Давидов псалм.
1Зошто се бунат народите, зошто племињата замислуваат суети? 2Земските цареви стануваат и кнезовите се собираат против Господа и против Неговиот Помазаник: 3„Да ги скинеме нивните окови и да го отфрлиме нивниот јарем.“
2. Божји гнев
4Оној, што живее на небесата, им се смее, Господ им се потсмевнува. 5Тогаш ќе им рече во Својот гнев, и со Својата јарост ќе ги збуни: 6„Јас го поставив Мојот Цар над Сион, на Мојата Света Гора.“
3. Прослава на Месија
7„Ја објавувам Господовата одлука: Тој ми рече: ‘Ти си Мој Син, Јас те родив денес. 8Побарај од Мене, и ќе ти ги дадам народите во наследство и земските краишта во сопственост. 9Ќе владееш со нив со железен жезал и ќе ги скршиш како грнчарски сад.‘“
4. Господов совет за цареви и земски судии
10Вразумете се сега, вие цареви; научете се земски судии! 11Служете Му на Господа со страв, радувајте Му се со трепет. 12Целувајте Го Синот, за да не се разгневи и да не загинете патем, зашто скоро ќе пламне Неговиот гнев. Блажени се сите кои се засолнуваат при Него!

Currently Selected:

ПСАЛМИ 2: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in