РИМЈАНИТЕ 3
3
1И така, каква предност има Јудеецот? Или: каква е ползата од обрезанието? 2Голема, во секој однос. Прво: ним им се доверени Божјите слова. 3Па што! Ако некои беа неверни, зар нивната неверност ќе ја уништи Божјата верност? 4Далеку од тоа! Но, Бог нека е вистинит, а секој човек лажец, како што е напишано: „Да бидеш оправдан во своите зборови и да победиш кога се судиш.“ 5Ако нашата неправда ја покажува Божјата правда, што ќе речеме? Дали е Бог неправеден, кога се гневи? (човечки зборувам). 6Далеку од тоа! Како Бог би можел тогаш да му суди на светот? 7Зашто, ако преку мојата лага се покаже уште повозвишена Божјата вистина за Неговата слава, зошто ми се суди уште како на грешник? 8“Зошто да не правиме зло, за да дојде добро?“ - како што нѐ клеветат некои и велат за нас, дека ние зборуваме така? Осудувањето на таквите е праведно.
9Што тогаш! Дали имаме предност? Никако, зашто веќе ги обвинуваме Јудејците и Грците, дека се сите под грев, 10како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден; 11нема разумен, нема кој да Го бара Бога; 12сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден.“ 13Нивното грло е отворен гроб, измамуваат со јазиците; змиски отров е под нивните усни. 14Устата им е полна со клевета и горчина. 15Нозете им се брзи за пролевање крв; 16запустување и беда се по нивните патишта; 17тие не го познаваат патот на мирот. 18Нема Божји страв пред нивните очи.“
19А знаеме дека сѐ што вели Законот, им го зборува на оние, кои се под Законот, за да занеми секоја уста и за да биде целиот свет виновен пред Бога, 20зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.
Праведноста се постига преку верата во Исуса Христа
21А сега, независно од Законот, се јави Божјата правда, за која сведочат Законот и пророците, 22и тоа Божјата правда, преку верата во Исуса Христа, за сите кои веруваат, бидејќи нема разлика; 23зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава, 24но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христа Исуса, 25Кого Бог Го постави за жртва на помирувањето преку вера, во Неговата крв, за да се покаже Неговата правда во пропуштањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение; 26та да ја покаже Својата правда во сегашно време, за да биде Самиот праведен и за да го оправда оној, кој е од верата на Исуса. 27И така, каде е фалењето? Исклучено е. Според кој закон? Според законот на делата ли? Не, туку според законот на верата. 28И така, ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот. 29Или Бог е само на Јудејците, а не и на народите? Да, и на народите, 30зашто е само еден Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера. 31Според тоа, дали го укинуваме Законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме Законот.
Currently Selected:
РИМЈАНИТЕ 3: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: