1 Тимотеј 6
6
1Христијаните кои се затекнале како робови треба искрено да ги почитуваат своите господари. Во спротивно, ќе дадат повод да се зборува лошо за Бог и за нашето учење.
2Оние, пак, чии господари се христијани не треба поради тоа помалку да ги почитуваат. Напротив, треба да им служат најдобро што знаат и умеат, бидејќи со тоа му помагаат на својот брат по вера, што треба да го сакаат. Така треба да ги поучуваш и да ги советуваш.
3Секој што поучува поинаку, му се противставува на здравото учење на нашиот Господ Исус Христос, кое е основа на побожноста.
4Таквите учители горделиво се самозалажуваат, а ништо не им е јасно. Имаат нездрава желба да се расправаат, за збор да се фаќаат, а од тоа произлегуваат завист, кавги, навреди, опасна недоверба
5и постојани расправии. Нивните умови се изопачени и тие не ја разбираат вистината. Мислат дека верата е средство за лично богатење.
6Да, верата е навистина големо богатство, бидејќи те учи да бидеш задоволен со тоа што го имаш.
7Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со себе.
8Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни.
9Оние што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и стапици. Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст.
10Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа многубројни болки.
11Тимотеј, ти си Божји човек, затоа бегај од тие зла! Труди се да бидеш праведен, побожен, верен, да ги сакаш луѓето, да бидеш трпелив и кроток.
12Бори се храбро за верата и држи се цврсто за неа, за да добиеш вечен живот. Токму за тоа Бог те одбра и ти веќе пред многу луѓе даде исклучително добро сведоштво!
13Пред Бог, Кој му дава живот на се што постои, и пред Исус Христос, Кој даде добро сведоштво пред Понтиј Пилат, те задолжувам
14беспрекорно да се придржуваш до сите заповеди, та никој да не може да ти најде мана, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.
15Бог е нашиот единствен Владетел, Цар на царевите и Господар на господарите. Во определеното време Тој пак ќе Го испрати Исус Христос кај нас.
16Само Бог е бесмртен. Тој живее во светлина во која никој не може да Му пријде! Човечко око не Го видело, ниту може да Го види. Сета почит и власт Му припаѓаат Нему. Амин!
17Предупреди ги богатите на овој свет да не ги обзема горделивост, ниту да се надеваат на своето богатство што лесно можат да го загубат! Кажи им да се потпрат на Бог, Кој обилно ни дарува се што ни е потребно за да уживаме во животот.
18Советувај ги да прават добри дела, да помагаат, да бидат дарежливи, решени да го делат со другите луѓе она што го имаат.
19Така ќе постават солиден темел за својата иднина, ќе се стекнат со вистински живот.
20Тимотеј, чувај го тоа што ти го доверил Бог! Не учествувај во непристојни и празни разговори, во расправи за она што лажно се нарекува ?знаење‘.
21Некои луѓе скршнаа од верата, поведувајќи се по такви работи. Бог нека ви биде благонаклонет!
Currently Selected:
1 Тимотеј 6: MNT
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: