2 Тимотеј 4
4
1Кога Исус Христос ќе дојде да го воспостави Своето царство, Тој ќе им суди на сите - и на живите и на мртвите. Затоа, имајќи ги Бог и Исус Христос за сведоци, со заклетва те задолжувам
2да ја проповедаш Божјата порака! Прави го тоа ревносно, без оглед на тоа дали моментот е погоден или не. Исправај ги луѓето и укорувај ги за нивните гревови. Трпеливо поучувај ги и охрабрувај ги.
3Ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат правилното учење. Напротив, за да си најдат оправдување за своите грешни страсти, ќе си повикаат многубројни учители што ќе им го кажуваат она што сакаат да го слушнат.
4Ќе престанат да ја слушаат вистината и ќе се свртат кон бесмислени митови.
5Ти, меѓутоа, биди трезвен во секоја ситуација. Издржи ги неправдите. Како проповедник на Радосната вест, изврши ја својата задача докрај.
6На мојот живот му се гледа крајот. Дојде време да заминам кај Господ.
7Храбро се борев, ја завршив трката и останав верен.
8Затоа, за мене е веќе обезбеден венецот на праведноста што Господ ќе ми го даде. Тој суди праведно и во Оној Ден ќе ми даде венец, и мене, и на сите што со нетрпение го чекаат Неговото повторно доаѓање.
9Потруди се да дојдеш кај мене колку што можеш побргу.
10Димас толку многу ги сака световните работи, што ме напушти и замина за Солун. Криск замина за Галатија, а Тит за Далмација.
11Само Лука остана со мене. Доведи го и Марко. Тој ќе ми биде од голема полза во службата.
12Тихик го пратив во Ефес.
13Кога ќе дојдеш, донеси ми го и палтото што го оставив во Троада, кај Карп. Донеси ми ги и книгите, а особено пергаментните свитоци.
14Ковачот Александар ми нанесе многу зло, но Господ ќе му плати за неговите постапки.
15Чувај се од него! Многу се противи на она што го проповедаме.
16Кога првпат ме изведоа на суд, никој не дојде да ми биде поткрепа. Сите ме напуштија. Од мене, простено нека им е.
17Сепак, Господ беше со мене. Ми даде сила да ја проповедам Неговата порака во целата нејзина полнота, па сите народи што не Го познаваат Бог да можат да ја слушнат. Господ ме спаси од сигурната смрт што ме чекаше, ако ме фрлеа кај лавовите.
18Да, Господ ќе ме чува од секакво зло и безбедно ќе ме доведе во Своето небесно царство. Слава нека Му е за вечни времиња! Амин!
19Поздрави ги Приска и Акила, како и семејството на Онисифор.
20Ераст остана во Коринт, а Трофим беше болен и остана во Милет.
21Потруди се да дојдеш пред зимата. Те поздравуваат Евбул, Пуденс, Линус, Клаудија и сите други христијани.
22Господ нека биде духовно со тебе и спрема сите вас нека биде благонаклонет.
Currently Selected:
2 Тимотеј 4: MNT
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: