YouVersion Logo
Search Icon

Дела Ап. 23

23
1Со вперен поглед кон членовите на собранието, Павле им рече: „Браќа, мојата совест пред Бога е чиста се до денес!“
2Тогаш Првосвештеникот Ананија им нареди на оние што стоеја покрај Павле да го удрат по устата.
3Павле му одговори: „Бог ќе те удри тебе, ѕиду варосан! Си седнал да ме судиш според законот, а наредуваш да ме удираат, спротивно на законот!“
4Оние што стоеја до Павле му рекоа: „Како се осмелуваш да го навредуваш Божјиот Првосвештеник!?“
5Тогаш Павле им се извини: „Не знаев, браќа, дека тој е Првосвештеник, зашто во Светото Писмо пишува: ,Не зборувај лошо за водачот на својот сопствен народ!‘“
6Кога Павле забележа дека дел од членовите на собранието се садукеи, а дел се фарисеи, гласно рече: „Браќа, јас сум фарисеј! Сите мои предци биле фарисеи! Овде ми се суди заради тоа што верувам дека ќе има воскресение од мртвите!“
7Тоа предизвика расправија меѓу фарисеите и садукеите, па во собранието дојде до поделба.
8Садукеите тврдеа дека нема ни воскресение, ни ангели, ни духови, а фарисеите веруваат во сето ова.
9Настана голема викотница. Неколку вероучители од фарисеите станаа и почнаа жестоко да се препираат со садукеите, велејќи: „Не гледаме ништо лошо кај овој човек! Можеби навистина му се јавил дух или ангел и му зборувал!“
10Расправијата стануваше се пожестока, па полковникот се исплаши дека ќе го растргнат Павле на парчиња. Затоа нареди војниците да го тргнат оттаму и да го вратат во воената тврдина.
11Таа ноќ Господ му се појави на Павле и му рече: „Држи се храбро, зашто за Мене ќе треба да проповедаш и во Рим онака како што сведочеше овде во Ерусалим!“
12Кога се раздени, група Евреи сковаа заговор. Се заколнаа дека нема ни да јадат, ни да пијат, се додека не го убијат Павле.
13Во заговорот зедоа учество повеќе од четириесет мажи.
14Тие отидоа кај Првосвештеникот и старешините, па им рекоа: „Ние се заколнавме ништо да не ставаме в уста, се додека не го убиеме Павле.
15Затоа јавете му на полковникот да го доведе Павле во собранието, божем имате намера поподробно да го испрашувате, а ние, уште пред тој да втаса овде ќе му поставиме заседа и ќе го убиеме.“
16Но синот на Павловата сестра разбра за овој заговор, па отиде во воената тврдина и му кажа на Павле.
17Павле викна еден од офицерите и му рече: „Одведи го ова момче кај полковникот. Има нешто важно да му пренесе.“
18Офицерот го одведе и му рече на полковникот: „Затвореникот Павле ме викна и ме замоли да го доведам ова момче кај вас, зашто имало нешто важно да ви каже.“
19Полковникот го фати за рака момчето, го одведе настрана и го праша: „Што сакаш да ми кажеш?“
20Момчето му рече: „Евреите се договорија да ве замолат утре да го доведете Павле во собранието, како божем да имаат намера поподробно да го испрашаат.
21Немојте да ги послушате, зашто повеќе од четириесетмина Евреи му поставија заседа за да го убијат! Се заколнале дека нема да јадат и пијат, се додека не го убијат. Веќе демнат во заседа и чекаат само вие да го одобрите нивното барање.“
22Полковникот го пушти момчето, наредувајќи му на никого да не кажува дека го известил за заговорот.
23Потоа полковникот викна двајца од своите офицери и им рече: „Одберете двесте војници, седумдесет коњаници и двесте стрелци, и наредете им да се подготват вечерва во девет часот да заминат за Цезареја.
24Обезбедете за Павле добиток за јавање, за безбедно да го одведете кај гувернерот Феликс.“
25Потоа напиша писмо за гувернерот, со следнава содржина:
26„Од Клавдиј Лисиј, до почитуваниот гувернер Феликс. Ве поздравувам!
27Ви испраќам еден човек кого Евреите го беа фатиле и се подготвуваа да го убијат. Кога дознав дека е римски граѓанин јас отидов со војска и го ослободив.
28Сакајќи да дознаам за што го обвинуваат Евреите, го изведов пред нивното собрание.
29Така дознав дека го обвинуваат за работи од нивниот верски Закон, но не беше виновен за нешто што заслужува смртна казна, или затвор.
30Откако ми беше јавено дека против овој човек се подготвува заговор, со закана да го убијат, веднаш го испраќам кај Вас, а ги известив и оние што имаат обвинение против него да дојдат кај Вас, и таму да ги изнесат своите обвиненија.“
31Уште истата ноќ, војниците го одведоа Павле до Антипатрида, како што им беше наредено.
32Следниот ден, пешаците се вратија во воената тврдина, а коњаниците го одведоа кон Цезареја.
33Кога пристигнаа во Цезареја, му ги предадоа писмото и Павле на гувернерот Феликс.
34Гувернерот го прочита писмото и го праша Павле од која покраина потекнува, па кога дозна дека е од Киликија
35му рече: „Ќе те сослушам кога ќе пристигнат и твоите обвинители.“ Потоа нареди да го одведат и да го чуваат под стража во Иродовата палата.

Currently Selected:

Дела Ап. 23: MNT

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in