Јован 14
14
1„Не вознемирувајте се! Верувајте во Бог! Верувајте и во Мене!
2Во домот на Мојот небесен Татко има многу живеалишта. Ако не беше така, зар ќе ви речев дека одам да приготвам место за вас?
3Откако ќе отидам и ќе ви приготвам место, повторно ќе се вратам и ќе ве земам кај Себе, за да бидете и вие таму каде што сум Јас.
4Вие го знаете патот до местото каде што заминувам.“
5Тома Му рече: „Господе, ние не знаеме ни каде заминуваш! Како, тогаш, можеме да го знаеме патот!?“
6Исус му одговори: „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Без Мене, никој не може да дојде кај небесниот Татко.
7Ако Ме познавате Мене, Го познавате и Мојот Татко. Отсега Го знаете и сте Го виделе.“
8Филип Му рече: „Господе, покажи ни Го небесниот Татко и тоа ќе ни биде доволно!“
9Исус му одговори: „Филипе, долго време сум со вас. Зар не знаеш кој сум Јас!? Секој што Ме видел Мене, Го видел небесниот Татко. Како можеш да кажеш: ?Покажи ни Го небесниот Татко‘?
10Зарем не веруваш дека Јас сум во Таткото и дека Таткото е во Мене? Зборовите што ви ги зборувам Јас не ги зборувам од Себе, туку небесниот Татко, Кој живее во Мене, ги врши Своите дела.
11Верувајте Ми дека Јас сум во Таткото и Таткото е во Мене, или барем верувајте заради чудата.
12Ве уверувам дека секој што верува во Мене ќе ги прави истите дела што ги правам Јас, а и поголеми од Моите, зашто Јас заминувам кај небесниот Татко.
13Секоја ваша молба упатете ја до Мене и Јас ќе ви ја исполнам. На тој начин Синот ќе Му донесе слава на небесниот Татко.
14Јас ќе направам се што ќе побарате во Мое име.
15Ако имате љубов спрема Мене, ќе го правите она што ви го заповедам.
16А Јас ќе побарам од небесниот Татко и Тој ќе ви даде друг Помошник, Кој ќе остане со вас засекогаш.
17Тоа е Духот Кој ќе ви ја открива вистината. Световните луѓе не се во состојба да Го примат Него, затоа што не Го гледаат, ниту Го познаваат. Вие Го познавате Светиот Дух, зашто Тој е со вас и ќе продолжи да живее во вас.
18Нема да ве оставам сираци - Јас ќе се вратам кај вас!
19Уште малку и светот повеќе нема да Ме гледа, но вие ќе Ме гледате; и бидејќи Јас живеам - ќе живеете и вие.
20Кога ќе дојде тој ден, ќе сфатите дека Јас сум едно со Мојот Татко, вие сте едно со Мене и Јас сум едно со вас.
21Тој што ги прифаќа Моите заповеди и ги исполнува - покажува дека Ме сака. А секој што Ме сака, ќе биде сакан и од Мојот Татко и од Мене и Јас ќе му се објавам.“
22„Господе“, - Му рече Јуда (не Јуда Искариот, туку другиот) - „Како можеш да ни се објавиш нам, а не и на светот?“
23Исус му одговори: „Ако некој Ме сака, ќе му се покорува на Моето учење. Тогаш Мојот Татко ќе го засака и Ние ќе дојдеме кај тој човек и во него ќе живееме.
24А тој што не Ме сака, нема да му се покорува на Моето учење. Зборовите што ги слушате не се Мои, туку на Оној што Ме испрати, а тоа е небесниот Татко.
25Ова ви го кажав уште додека сум кај вас.
26Но небесниот Татко, наместо Мене, ќе ви Го испрати Светиот Дух да ви биде Помошник. Тој ќе ве научи на се и ќе ве потсети на се што Јас ви кажував.
27Ви давам мир - Мојот сопствен мир ви го давам. Мирот што Јас ви го давам не е како мирот што го дава светот. Затоа, не вознемирувајте се и не плашете се!
28Слушнавте кога ви реков: ,Заминувам, но пак ќе се вратам кај вас‘. Ако навистина Ме сакате, ќе се радувате што заминувам кај Таткото, бидејќи Таткото е поголем од Мене.
29Однапред ви го кажав ова, па кога ќе се случи, да имате вера во Мене.
30Нема уште долго да разговарам со вас, зашто кнезот на овој свет доаѓа. Тој нема власт над Мене,
31но, светот мора да сфати дека го сакам Таткото и затоа дејствувам онака како што Ми заповеда Таткото. Ајде, станете да си одиме одовде.“
Currently Selected:
Јован 14: MNT
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: