YouVersion Logo
Search Icon

Maтеј 17

17
1По шест дни, Исус ги зеде со Себе Петар и браќата Јаков и Јован и ги поведе насамо на една висока планина.
2Таму Тој се преобрази пред нив: лицето Му болсна како Сонцето, а облеката му стана блескаво бела, како светлина.
3Наеднаш се појавија Мојсеј и пророкот Илија и разговараа со Исус.
4Тогаш Петар Му рече на Исус: „Господе, колку ни е убаво овде! Ако сакаш, да направиме овде три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“
5Додека тој зборуваше, блескав облак ги засени и се чу глас од облакот: „Ова е Мојот Син Мојот љубимец, со Кого наполно Сум задоволен; Него слушајте Го!“
6Кога го слушнаа гласот, учениците многу се исплашија и паднаа ничкум.
7Исус им пријде, ги допре и им рече: „Станете и не плашете се!“
8Кога тие ги кренаа своите погледи, Го видоа само Исус и никој друг.
9Додека слегуваа од планината, Исус им нареди: „Не кажувајте му никому за ова што го видовте, си додека Јас, Синот Човечки, не воскреснам од мртвите.“
10Тогаш учениците Го прашаа: „Зошто вероучителите велат дека пред да дојде Месијата, повторно ќе се појави пророкот Илија?“
11„Секако“ им одговори Исус. „Најпрво треба да дојде Илија и да подготви си.
12Но Јас ви кажувам дека Илија веќе дојде, а тие не го познаа и му го направија тоа што го сакаа. Така ќе мора да настрада од нив и Синот Човечки.“
13Тогаш им стана јасно дека Исус им говореше за Јован Крстител.
14Кога се вратија меѓу народот, на Исус Му пријде еден човек, клекна на колена,
15и Му рече: „Господе, имај милост за син ми, зашто добива епилептични напади и многу се мачи; честопати паѓа де во оган де во вода.
16Го носев кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“
17А Исус, во одговор рече: „О, тврдоглав и неверен народе! До кога ќе морам да останам со вас и да ве поднесувам? Донесете Ми го момчето!“
18Потоа со заповед го избрка демонскиот дух од него и во истиот миг момчето оздраве.
19Подоцна Му пријдоа насамо Неговите ученици и Го прашаа: „Зошто не можевме ние да го избркаме демонскиот дух?“
20„Бидејќи немате доволно вера“ им одговори Исус. „Зашто, ве уверувам, дека, кога би имале вера само колку едно синапово зрнце, би можеле да ђ речете на оваа планина: ,Премести се одовде таму!‘ и таа ќе се премести. И ништо не би ви било неможно.“
21(„Овој вид демон може да се изгони само ако претходно сте биле на молитва и пост.“)
22Еден ден, кога учениците се беа вратиле во Галилеја, Исус им рече: „Наскоро Јас, Синот Човечки, ќе бидам предаден во рацете на луѓето.
23Тие ќе Ме убијат, но на третиот ден ќе воскреснам.“ Ова многу ги ожалости учениците.
24Кога дојдоа во градот Кафарнаум, на Петар му пријдоа наплатувачите на данок за храмот и му рекоа: „Ќе плати ли вашиот Учител данок за храмот?“
25„Секако!“ им одговори Петар. А кога Петар се врати дома, Исус го пресретна и го праша: „Што мислиш, Симоне, од кого наплатуваат данок земните цареви: од сопствените синови или од туѓите?“
26„Од туѓите!“ одговори Петар. Тогаш Исус му рече: „Значи, синовите се ослободени од плаќање.
27Но, за да не ги соблазниме, појди до морето, фрли јадица и отвори ђ ја устата на првата риба што ќе ја фатиш; во неа ќе најдеш една пара што ќе биде доволна да платиш данок и за Мене и за себе.“

Currently Selected:

Maтеј 17: MNT

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in