Марко 3
3
1Исус повторно влезе во тамошната синагога и таму сретна еден човек со парализирана рака.
2Фарисеите сакаа да Го обвинат Исуса, па Го демнеа, за да видат дали ќе го исцели човекот во саботен ден.
3Исус му се обрати на човекот со парализирана рака: „Дојди, застани пред сите!“
4Потоа праша: „Што треба да се прави во сабота: добро или лошо? Да се спаси некој човечки живот, или да се уништи?“ Сите молчеа.
5Исус налутено ги изгледа сите по ред. Сепак, Му стана жал за нив, поради нивната тврдоглавост. Потоа му се обрати на човекот: „Испружи си ја раката!“ Тој ја испружи и раката му оздраве.
6Фарисеите веднаш излегоа и заедно со приврзаниците на Ирод се договорија да Го убијат Исуса.
7Исус се повлече со Своите ученици по должината на езерското крајбрежје. По Него одеше голема толпа народ од Галилеја,
8како и од Јудеја, од Ерусалим, од Идумеја и од други места на источната страна од реката Јордан. Доаѓаа и луѓе од поширокото подрачје на градовите Тир и Сидон. Сите тие дојдоа, откако беа слушнале за делата на Исус.
9Тој беше принуден да им каже на Своите ученици во секое време да имаат подготвено бротче за Него, за да не Го згмечи народот.
10Бидејќи исцелуваше мнозина, сите болни навалуваа кон Него, за да Го допрат.
11А демонските духови паѓаа ничкум пред Исус и викаа: „Ти Си Божјиот Син!“ -
12иако Тој строго им забрануваше да кажуваат кој е Тој.
13Потоа Исус се упати кон гората, повикувајќи ги со Себе и оние што ги беше избрал. Тие Му се придружија.
14Од нив Тој избра дванаесет души да бидат Негови апостоли: да Го придружуваат и да ги испраќа да проповедаат.
15Исто така и да ги ослободуваат луѓето обземени од демони.
16А дванаесеттемина беа овие: Симон, кого Исус го нарече Петар,
17Завдаевите синови Јаков и Јован, кои Исус ги нарече „грмежливи синови“,
18Андреј, Филип, Бартоломеј, Матеј, Тома, Алфеевиот син Јаков, потоа Тадија, Симон Кананеецот,
19и Јуда Искариот, кој подоцна стана предавник на Исус.
20Исус се врати дома, а голема толпа народ повторно навали, така што Тој и Неговите ученици не можеа ни да јадат.
21Кога Неговите домашни разбраа за ова, тргнаа да Го приберат, зашто се говореше дека Тој е луд.
22Вероучителите што беа дојдени од Ерусалим зборуваа дека Исус е обземен од Баалзибул - поглавицата на демонските духови - и дека со помош на Баалзибул ги изгонува демонските духови.
23Тогаш Исус го повика народот да се собере околу Него, па почна да му зборува преку споредби. “Како може Сатаната сам себеси да се изгонува!?
24Царство во кое едни против други војуваат, не може да се одржи!
25Семејство во кое владее неслога, не може да се одржи!
26Ако Сатаната се крене сам против себе - тоа би значело крај за него!
27Може ли некој да му упадне во куќата на силен човек и да го ограби, ако прво не го совлада и не го врзе? Само така ќе може да го ограби!
28Сериозно ви велам: сите грешни дела и навреди, колку и да се тешки, можат да им бидат простени на луѓето;
29но нема простување за оној што ќе го навреди Светиот Дух; таквиот грев вечно ќе го товари.“
30Исус го рече ова, зашто за Него говореа дека е обземен со демонски дух.
31Тогаш пристигнаа мајка Му и браќата на Исус. Стоејќи надвор, тие испратија некого да Го повика.
32Токму тогаш околу Него се беше насобрал многу народ и некои меѓу нив Му рекоа: „Ене ги надвор мајка ти, браќата и сестрите Твои и Те викаат!“
33А Тој им одговори: „Која ми е мајка и кои ми се браќа и сестри?“
34Покажувајќи на седнатите околу Него, додаде: „Еве ги мајка Ми и браќата Мои!
35Секој што ја извршува Божјата волја ми е и брат и сестра и мајка!“
Currently Selected:
Марко 3: MNT
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

: