Јован 6

6
Исус нахранува над пет илјади луѓе
(Мт 14,13-21; Мк 6,30-44; Лк 9,10-17)
1Потоа Исус отиде на другата страна од Галилејското Море, на­ре­чено Тиверијадско. 2#2,23; Мт 4,23.25; 12,15; Лк 9,11И по него одеше многу народ, зашто ги гледаа чудата Негови што ги вр­шеше над болните. 3А Исус отиде во гората и таму се­де­ше со учениците Свои. 4#2,13; Лк 22,1И наближуваше јудејскиот празник Пасха. 5#1,43; 12,21; 4 Мојс 11,13Исус, пак, откако ги подигна очите, ви­де дека кон Него иде многу народ му рече на Филип: „Од каде да купиме леб за да јадат овие?“ 6#2,25; 6,61.64; 13,11; 21,17; 2 Кор 13,5; Откр 2,2А тоа го рече за да го искуша, зашто Сам знаеше што ќе направи. 7Филип Му одговори: „Не ќе им биде доволно леб за двесте денарии, па да до­бие секој од нив по малку!“ 8#1,40; Мт 4,18; 10,2Еден од учениците Негови, Андреј, братот на Симон Петар, Му рече: 9#21,9-13; Суд 7,13; 2 Цар 4,42-43„Овде се наоѓа едно момче кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку души?“ 10Исус рече: „Кажете им на луѓето да поседнат!“ А на тоа место имаше многу трева. Тогаш поседнаа луѓето, на број околу пет илјади. 11#Откр 4,9; 11,17Исус ги зеде лебовите, заблагодари и им ги подаде на оние што поседнаа; исто така и од рибите, кој колку сака­ше. 12А кога се наситија, им рече на уче­ниците Свои: „Соберете ги останатите парчиња за да не се загуби ништо!“ 13#2 Цар 4,44И од петте јачменови лебови собраа и наполнија дванаесет кошници пар­чи­ња, што им преостанаа на оние што ја­деа. 14#Мт 21,11; Дела 7,37Луѓето, кога го видоа чудото што го направи Исус, рекоа: „Овој е навистина Пророкот Кој требаше да дојде на светот!“ 15#18,36; Мт 14,22-23; Мк 6,46Но Исус, штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да го прогла­сат за цар, се повлече Сам во гората.
Исус оди по морето
(Мт 14,22-33; Мк 6,45-52)
16А приквечер, учениците Негови слегоа до морето, 17влегоа во кораб и тргнаа преку мо­рето кон Капернаум. 18Морето, пак, се подигаше, зашто дуваше силен ветар. 19И кога беа поминале дваесет и пет – до триесет стадии#6,19 5-6 километри, по наши мерила., Го видоа Исус ка­ко оди по морето и се приближува кон коработ, па се уплашија. 20#Мт 14,27; Мк 16,6Но Тој им рече: „Јас сум, не пла­ше­те се!“ 21Тие сакаа да Го примат во коработ и веднаш коработ пристигна до брегот, каде што одеа.
Народот Го бара Исус
22 # 12,12 Утредента наутро народот, што стоеше од другата страна на морето, за­бележа дека таму немаше друг кораб, освен еден, во кој влегоа учениците Не­гови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, а тие сами заминаа. 23И други кораби дојдоа од Ти­ве­ри­ја­да, близу до она место каде што беа јале леб, по благословувањето Господово. 24#Мк 1,37И кога видоа луѓето дека Исус не беше таму, ниту учениците Негови, влегоа сами во кораби и дојдоа во Ка­пернаум да Го бараат Исус.
Лебот на животот
25И штом Го најдоа отаде морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде овде?“ 26#2,11А Исус им одговори и рече: „Вис­ти­на, вистина ви велам: вие не Ме барате затоа што видовте чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте. 27#4,14; 6,50-51.54.58; Ис 55,2; Мт 8,20; 16,12; Ефес 4,30Работете не за храна што се расипува, туку за храна што останува за вечен живот и која ќе ви ја даде Синот Чо­веч­ки, зашто врз Него ставил печат Бог Отецот.“ 28#1 Кор 15,58А тие Му рекоа: „Што да правиме за да извршуваме Божји дела?“ 29#1 Сол 1,3; 1 Јн 3,23Исус им одговори и рече: „Божјото дело е ова: да поверувате во Оној Кого Го испрати Тој.“ 30#2,18; Мт 12,38А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш? 31#2 Мојс 16,15; 4 Мојс 11,7-9; 21,5; 5 Мојс 8,3; Неем 9,15; Пс 78,24; 105,40Татковците наши јадеа мана во пус­тината, како што е напишано: ‚Леб од небото им даде да јадат.‘“ 32#6,49.58Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од не­бото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото. 33#6,41.51Зашто лебот Божји е Оној, Кој сле­гува од небото и му дава живот на светот.“ 34#4,15; Мт 6,11; Лк 11,3Тогаш тие Му рекоа: „Господи, да­вај ни го секогаш тој леб!“ 35#4,14; 6,48.51.58; 11,25; 14,6; Ис 55,1-3; Изреки 9,1-6А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да огладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни. 36#6,26.29.40.64; 9,41; 15,24; 20,29Но ви реков: вие и Ме видовте и пак не верувате. 37#17,6-7.24; Мт 11,28; 1 Јн 5,4Сѐ што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а кој доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор; 38#4,34; 5,30; Мт 26,39; Мк 14,36; Лк 22,42; Евр 10,9зашто Јас слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати. 39#6,44.54; 10,28-29; 17,12; 18,9; Мт 18,14А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од сѐ што Ми дал да не за­губам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден. 40#6,54; 11,24-25Волјата на Оној што Ме прати е: се­кој што ќе го види Синот и ќе поверува во Него да има вечен живот, а Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“ 41#6,33.35.51.58; 2 Мојс 16,2-8; 1 Кор 10,10Се разгневија против Него Јудеј­ци­те, зашто рече: „Јас сум лебот што сле­зе од небото“, 42#7,27; Мк 6,3и зборуваа: „Зар не е Овој Исус, Јо­сифовиот син, Чиј татко и мајка ги познававме? Како тогаш Тој вели: ‚Слегов од небото.‘“ 43Им одговори Исус и рече: „Не мр­морете меѓу себе. 44#6,39.65; 12,32; Ос 11,4; Мт 16,17Никој не може да дојде кај Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме пра­ти; и Јас ќе го воскреснам во последни­от ден. 45#Ис 54,13; Ер 31,33-34; 1 Сол 4,9; 1 Јн 4,12; 2,27Кај Пророците е напишано: ‚И ќе бидат сите од Бога научени.‘ Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа кај Мене. 46#1,18; 7,29; 2 Мојс 33,20Но тоа не значи дека некој Го видел Бога, освен Оној Кој е од Бога; само Тој го видел Отецот. 47#3,15-16.36Вистина, вистина ви велам: Кој ве­рува во Мене има вечен живот. 48#6,35.38.51.58Јас сум лебот на животот. 49Татковците ваши јадеа мана во пус­тината и умреа; 50а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре. 51#1,14; 3,6; 15,13; Мт 26,26; 1 Кор 11,24; Евр 10,5.10; 1 Јн 3,16Јас сум живиот леб што слезе од не­бото; кој јаде од овој леб, ќе живее веч­но; а лебот што ќе го дадам Јас, е Мо­ето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“ 52#3,4Јудејците пак почнаа да се препира­ат меѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме?“ 53#4,14; 5,26; Мт 8,20; 1 Кор 11,23-24А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Не­гова, не ќе имате живот во себе. 54#6,39.40.44Кој го јаде Моето тело и ја пие Мо­јата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. 55#Кол 2,16Зашто Моето тело е вистинска хра­на, и Мојата крв – вистинска напивка. 56#15,4-5; 1 Јн 3,24Кој јаде од Моето тело и пие од Мо­јата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. 57#5,26; Мт 16,16; Евр 7,25Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Ме­не. 58#6,41.51Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа ма­на и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе жи­вее довека.“ 59#18,20Ова го кажа Исус во синагогата, ко­га поучуваше во Капернаум.
Зборови на вечен живот
60 # Јуда 1,15 Тогаш мнозина од учениците Не­го­ви, кои слушаа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“ 61#Мт 11,6А Исус, знаејќи во Себе дека учениците Негови се бунат против тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува? 62#3,13; 12,32; 17,5; Мт 8,20; Дела 1,9-11А што ако Го видите Синот Чо­веч­ки како се вознесува горе, каде што бил порано? 63#3,6; 2 Кор 3,6; Гал 6,8; 1 Птр 3,18Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот. 64#2,25Но има меѓу вас и некои што не ве­руваат.“ Исус знаеше од почеток кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде. 65#3,27; 6,44И рече: „Затоа ви зборувам дека ни­кој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“ 66#Лк 9,62Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него. 67#2 Тим 1,15Тогаш им рече Исус на дванаесет­те: „Да не сакате и вие да си отидете?“ 68#Мк 8,27-33#5 Мојс 8,3; Дела 5,20А Симон Петар Му одговори: „Гос­поди, кај кого ќе отидеме? Ти имаш збо­рови за вечен живот, 69#10,36; Мк 1,24; Лк 4,34; Дела 3,14; 1 Јн 4,16и ние поверувавме и познавме дека си Божјиот Светител (Христос, Син на живиот Бог).“ 70#13,18; 15,16; Лк 22,3Исус им одговори: „Не ли ве избрав дванаесетмина? Но еден од вас е ѓа­вол#6,70 Грчкиот збор диаволос, од кој произлегува зборот ѓавол, примарно значи клеветник..“ 71#12,4; Лк 6,13.16А зборуваше за Јуда Симонов Иска­риот, зашто тој, како еден од дванаесет­те, сакаше да Го предаде.

S'ha seleccionat:

Јован 6: MK2006

Subratllat

Comparteix

Copia

None

Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió