Битие 14
14
Војна меѓу царевите. Аврам го спасува Лота, а Мелхиседек ги благословува.
1Во она време сенарскот цар Амарфал, еласарскот цар Ариох, еламскиот цар Ходологомор и гоимскот цар Таргал,
2сите тие цареви завојуваа против содомскот цар Вал, против гоморскиот цар Варса, против адамскот цар Сенар, севоимскот цар Симовор и со царот на Валак, односно Сигор.
3Сите тие се собраа во долината Сидим, која е сега Солено Море.
4Дванаесет години му служеа на Ходологомор, а во тринаесеттата се побунија.
5Во четиринаесеттата дојде Ходологомор и царевите, кои беа со него, па ги поразија џиновите во Астарот и во Карнаим, Зузејците во Хам, Омејците во долината Каријатим,
6И Хорејците во гората нивна Сеир, дури до рамнината Ел Фаран, која се наоѓа покрај пустињата.
7А кога се вратија оттаму, дојдоа до изворот Мисфат, односно Кадис, и ја опустошија целата област Амаликитска, како и Аморејците, кои живееја во Асасах – Тамар.
8Тогаш излегоа царот содомски и царот гоморски, царот адски, царот севоимски и царот од Валака, односно Сигор, и појдоа во борба против нив во долината Сидим,
9против Ходологомор, царот еламски, и Тагар, царот гоимски, и Амарфал, царот сенарски, и Ариох, царот еласарски; четири цара против пет.
10Во долината Сидим имаше, пак, многу јами, од кои се вадеше смола. И побегнаа царот содомски и царот гоморски, и паднаа во нивни плен; а другите избегаа во планините.
11И го зедоа целиот имот на Содом и Гомор и сета храна нивна, па си отидоа.
12Го зедоа и Лота, братанецот Аврамов, кој живееше во Содом, и богатството негово, и си отидоа.
13А еден од оние, што се беа избавиле, дојде и му се јави на Евреинот Аврам, кој тогаш живееше при дабот Мамре, Амореецот, брат Есколов и брат Абнанов, Аврамови сојузници.
14А кога Аврам чу дека му е заробен братанецот Лот, ги вооружа слугите свои, триста и осумнаесет, кои се родија во неговата куќа, и тргнаа во потера до Дан.
15Тука ги распореди своите и удри на нив ноќе, со слугите свои, и ги разби, и ги гонеше до Ховал, кој е лево од Дамаск.
16И го поврати целиот имот содомски; го врати и Лота, братанецот свој, со богатството негово, и жените и народот.
17А царот содомски му излезе во пресрет, кога се врати, откако го разби Ходологомор и царевите, што беа со него, во долината Савин, која е сега Долина на царевите.
18И Мелхиседек, царот салимски, изнесе леб и вино; а тој беше свештеник на Севишниот Бог,
19па го благослови Аврама, велејќи: »Благословен да е Аврам од Севишниот Бог, Создателот на небото и земјата!
20Благословен да е и Севишниот Бог, Кој ги предаде непријателите твои во рацете твои!« И му даде Аврам десетти дел од сѐ.
21А царот, пак, содомски му рече на Аврама: »Дај ми ги мене луѓето, а имотот земи си го за себе!«
22Но Аврам му рече на царот содомски: »Ја кревам раката своја кон Севишниот Господ Бог, Создател на небото и земјата,
23дека ни конец, ниту, пак, ремен од обувки, нема да земам од сѐ она, што е твое, да не речеш – јас го збогатив Аврама –,
24освен, она што изедоа момците, и освен делот на луѓето, што одеа со мене: Ескол, Авнан, и Мамре; тие нека го земат својот дел.«
S'ha seleccionat:
Битие 14: MK1990
Subratllat
Comparteix
Copia
Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: