Лука 11
11
Исус ги учи учениците како да се молат. Изгонувањето на ѓавол. Изобличувањето на злобата и лицемерството на фарисеите и книжниците.
1Еднаш беше Он на едно место и се молеше, и кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: »Господи, научи нѐ да се молиме, како што ги научи Јован учениците свои.«
2А Он им рече: »Кога се молите, говорете: ‚Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата:
3лебот наш насушен дај ни го денес;
4и прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштаваме на секој наш должник; и не нѐ воведуј во искушение, но избави нѐ од лукавиот!‘«
5И им рече: »Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, па му каже: ‚Пријателе, дај ми на заем три леба;
6оти ми дојде еден пријател од пат и немам што да му принесам;‘
7а оној однатре да му одговори и рече: ‚Не ме обеспокојувај; портата е веќе затворена и децата се со мене во постела; не можам да станам и да ти дадам.‘
8Но ви велам, макар и да не стане да му даде затоа што му е пријател, но ќе стане заради неговото настојување и ќе му даде, колку што му треба.
9И Јас ви велам: сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.
10Зашто секој што сака – добива, и кој бара – наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори.
11И кој татко од вас, ако синот негов му побара леб, ќе му даде камен? Или ако побара риба, па да му даде змија место риба?
12Или, ако побара јајце, да му даде скорпија?
13И така, значи, ако вие, бидејќи лукави, умеете да давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние, што Му бараат?«
14Еднаш истера Он еден бес, кој беше нем, и кога нечистиот дух излезе, немиот проговори; и народот се чудеше,
15А некои од нив рекоа: »Он ги изгонува бесовите преку Велзевула, кнезот на бесовите.«
16А други, искушувајќи Го, Му бараа знак од небото.
17Но Он, знаејќи ги нивните помисли, им рече: »Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом – на групи, една против друга, пропаѓа;
18и, ако и сатаната се разделил сам против себе, како ќе се одржи царството негово? Оти велите дека Јас преку Велзевула ги истерувам бесовите.
19И, ако Јас, пак, преку Велзевула ги истерувам бесовите, тогаш синовите ваши преку кого ги истеруваат? Затоа, тие ќе ви бидат судии.
20Ако Јас, пак, со прст Божји ги изгонувам бесовите, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо.
21Кога силен човек се вооружи и го припази домот свој, тогаш имотот негов е во безопасност.
22Но, ако некој посилен од него го нападне и победи, тој ќе му го земе сето оружје, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде.
23Кој не е со Мене, тој е против Мене; и кој не собира со Мене, тој растура.
24Кога нечист дух ќе излезе од човека, тој оди преку безводни места и бара спокој; и не наоѓајќи вели: ‚Ќе се вратам во домот свој, од каде што излегов.‘
25Па, штом дојде, го наоѓа изметен и уреден.
26Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и кога влезат, живеат таму; и последната состојба на тој човек ќе му биде полоша од првата.«
27А кога го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: »Блажена е утробата, што Те носела и градите, од кои си се хранел!«
28А Он рече: »Да, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат.«
29А на народот, што се собираше, почна да му зборува: »Лукав е овој род; бара знаци, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона;
30зашто, како што Јона беше знак за Ниневијците, така и Синот Човечки ќе биде за својот род.
31Јужната царица ќе излезе на суд со луѓето од овој род и ќе го осуди, оти таа дојде од крај земја да ја чуе мудроста на Соломона; а ете, тука е поголем од Соломона.
32И Ниневијците ќе излезат на суд со луѓето од овој род и ќе го осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; а ете тука е поголем од Јона.
33Никој, пак, не клава запалено светило на сокриено место, ниту под поклоп, туку на свеќник, за да ја видат светлината оние што влегуваат.
34Светило за телото е окото; ако твоето око биде чисто, и целото твое тело ќе биде светло; а ако биде лукаво, и твоето тело ќе биде темно;
35затоа гледај светлината, што е во тебе, да не биде темнина.
36Ако, пак, целото твое тело е светло и нема ниеден темен дел, тогаш тоа ќе биде така светло, како кога светило те осветлува со светлина.«
37И кога зборуваше Он, еден фарисеј Го помоли да руча кај него. Он отиде и седна на трпеза.
38И фарисејот се зачуди, кога виде, дека Он не си ги изми рацете пред јадење.
39Но Господ му рече: »Ете, вие фарисеите ја миете чашата и чинијата однадвор, а пак внатрешноста ви е полна со грабеж и лукавство.
40Безумни, не е ли ист Оној што ја создаде и надворешноста и внатрешноста?
41Но, давајте милостина според своите сили, тогаш сѐ во вас ќе биде чисто.
42Но тешко вам, фарисеи, оти давате десеток од нане и рута, и од секаков зеленчук, а преминувате преку судот и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го оставате.
43Тешко вам, фарисеи! Оти сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите!
44Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти сте како сокриени гробови, преку кои луѓето одат и не ги знаат.«
45Одговори некој од закониците и Му рече: »Учителе, кога го говориш тоа, Ти и нас нѐ навредуваш.«
46Но Он рече: »Тешко и на вас закониците, што ги натоварувате луѓето со тешки бремиња за носење, а вие сами ни со еден прст не се допирате до тие бремиња.
47Тешко вам, оти им ѕидате гробници на пророците, што ги убија вашите татковци;
48со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, бидејќи тие ги убија пророците, а вие им ѕидате гробници.
49Затоа и Божјата премудрост рече: ‚Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги прогонат‘;
50за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот;
51од крвта на Авела па сѐ до крвта на Захарија, кој е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род.
52Тешко вам, законици, оти го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакаат да влезат им попречивте.«
53А кога го зборуваше тоа, книжниците и фарисеите почнаа силно да се гневат на Него и да Го прашуваат за многу работи;
54Го напаѓаа, сакајќи да уловат нешто од Неговата уста, за да Го обвинат.
S'ha seleccionat:
Лука 11: MK1990
Subratllat
Comparteix
Copia
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fca.png&w=128&q=75)
Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

:
Subratllat
Comparteix
Copia
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fen.png&w=128&q=75)