Лука 20
20
Исусовата власт
(Мт 21,23-27; Мк 11,27-33)
1Во еден од деновите, додека Тој го поучуваше народот во храмот и го проповедаше благовестието, пристапија свештениците и книжниците со старешините 2#Јн 2,18; Дела 4,7и Му рекоа, велејќи: „Кажи ни, со каква власт го правиш тоа или кој е тој што Ти ја дал таа власт?“ 3А Тој им одговори и рече: „И Јас ќе ве прашам нешто и кажете ми: 4#11,16; Мт 3,6; Дела 10,37Јовановото крштевање, од небото беше или од луѓето?“ 5#Мт 21,32А тие размислуваа и си зборуваа меѓу себе: „Ако кажеме – од небото, ќе рече: ’зошто не му поверувавте?‘ 6#Мт 14,5А ако кажеме – од луѓето, тогаш сиот народ ќе нѐ каменува, бидејќи е уверен дека Јован беше пророк.“ 7Затоа одговорија: „Не знаеме од каде е.“ 8Исус им рече: „Ниту Јас не ви кажувам со каква власт го правам ова.“
Парабола за немилосрдните лозари
(Мт 21,33-46; Мк 12,1-12)
9 #
Ис 5,1; Мт 25,14 И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си замина на подолго време. 10#2 Лет 36,15-16А кога дојде време, испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од родот на лозјето; но лозарите го претепаа и го пуштија празен. 11И прати и друг слуга: но тие и него го претепаа и го понижија, па го испратија празен. 12Испрати и трет, а тие и него го повредија и го избркаа. 13#3,22Тогаш господарот на лозјето рече: ’Што да направам? Ќе го испратам мојот возљубен син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘ 14Но лозарите, штом го видоа, размислуваа меѓу себе, велејќи си: ’Овој е наследникот! Ајде да го убиеме, за наследството да биде наше!‘ 15Па го изведоа надвор од лозјето и го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето? 16#Дела 13,46; 28,28Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Тоа никако!“ 17#Пс 117,22; Ис 28,16; Дела 4,11; 1 Птр 2,7Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ’Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник‘. 18#Ис 8,14-15Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“
За данокот
(Мт 22,15-22; Мк 12,13-17)
19 #
19,47; 22,2; Мт 14,5; Дела 5,26 И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; зашто сфатија дека за нив ја кажа оваа парабола. 20#11,54; 16,15И демнејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се преправаа дека се праведни, за да Го фатат во некој збор и да можат да Го предадат на началството и на власта на управителот. 21#3 Мојс 19,15; Пс 26,11; 50,15; Дела 9,2; 10,34; Гал 2,6; Јк 2,1И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш, и не гледаш на лице, туку вистински поучуваш за Божјиот пат. 22#Рим 13,6Дозволено ли ни е да му даваме данок на цезарот или не?“ 23А Тој го разбра нивното лукавство и им рече: „Зошто Ме искушувате? 24Покажете ми еден динариј: Чиј лик и натпис стои таму?“ Тие одговорија: „На цезарот.“ 25#23,2; Рим 13,7Па им рече: „Дајте го цезаревото на цезарот, а Божјото на Бога!“ 26И не можеа да Го уловат во нешто во Неговите зборови пред народот, туку само се зачудија на Неговиот одговор и замолкнаа.
Прашање за воскресението на мртвите
(Мт 22,23-33; Мк 12,18-27)
27 #
Дела 4,1-2; 23,8; 1 Кор 15,12 Тогаш пристапија некои од садукеите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, 28#1 Мојс 38,8; 5 Мојс 25,5велејќи: „Учителе, Мојсеј ни напиша: Ако умре нечиј брат, кој имал жена и умрел бездетен, брат му нека ја земе жената и нека му подигне потомство на својот брат. 29Си беа седум браќа; првиот зеде жена и умре бездетен. 30Жената ја зеде вториот, но и тој умре бездетен. 31Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина не оставија деца и умреа. 32По сите нив, умре и жената. 33При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи седумтемина ја имаа за жена?“ 34#17,27; Мт 24,38Исус им одговори и рече: „Луѓето во овој свет се женат и мажат; 35#Фил 3,11но оние што ќе се удостојат да го добијат оној свет и воскресението од мртвите ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат; 36#1 Јн 3,2бидејќи веќе не можат да умрат, зашто се како ангели, а бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји. 37#2 Мојс 3,6; Дела 3,13; Рим 6,10-11А дека мртвите воскреснуваат, тоа го покажа и Мојсеј кај капината, кога Го нарече Господ – Бог на Авраам, Бог на Исак и Бог на Јаков. 38#Дела 17,28; Рим 14,8-9А Бог не е на мртвите, туку на живите, зашто во Него сите се живи.“ 39#Мк 12,28А некои од книжниците одговорија и рекоа: „Учителе, добро рече!“ 40#9,45И повеќе не се осмелуваа за ништо да Го прашаат.
Месијата и Давид
(Мт 22,41-46; Мк 12,35-37)
41А Тој им рече: „Како, пак, велат дека Христос е син на Давид? 42#Пс 109,1; Дела 2,34-35; 1 Кор 15,25 Та и самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ’Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, 43додека не ги положам Твоите непријатели како подножје на Твоите нозе!‘ 44Значи Давид Го нарекува Господ. Па како тогаш Тој може да му биде син?“
Исусовиот суд за книжниците
(Мт 23,1-36; Мк 12,38-40)
45И додека сиот народ слушаше, Тој им рече на Своите ученици: 46#11,43„Пазете се од книжниците што милуваат да одат во долги облеки и сакаат поздрави по пазариштата, предни места во синагогите и први места на гозбите, 47што ги подјадуваат домовите на вдовиците и навидум долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“
S'ha seleccionat:
Лука 20: MAK2023
Subratllat
Comparteix
Copia
Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: