БИТИЕ 5
5
Родословие на Адам
1Ова е книгата на родословието Адамово: кога Господ го создаде човекот, го направи според Божјото подобие; 2создаде машко и женско. А кога ги создаде, ги благослови и ги нарече - човек. 3Кога на Адама му беа сто и триесет години му се роди син, сличен нему, според неговиот лик и подобие, му го даде името Сит. 4По Ситовото раѓање, Адам живееше осум стотини години; и му се родија уште синови и ќерки. 5Адам поживеа вкупно девет стотини и триесет години. Потоа умре.
6Кога на Сит му беа сто и пет години, му се роди Енос. 7По Еносовото раѓање Сит живееше осум стотини и седум години, па му се родија уште синови и ќерки. 8Сит поживеа вкупно девет стотини и дванаесет години. Потоа умре.
9Кога на Енос му беа деведесет и три години, му се роди Кенан. 10По Кенановото раѓање, Енос поживеа осум стотини и петнаесет години, па му се родија уште синови и ќерки. 11Енос поживеа вкупно девет стотини и пет години. Потоа умре.
12Кога Кенан имаше седумдесет години, му се роди Малалеил. 13По Малалеиловото раѓање, Кенан поживеа осум стотини и четириесет години, и му се родија уште синови и ќерки. 14Кенан поживеа вкупно девет стотини и десет години. И умре.
15Кога Малалеил наполни шеесет години, му се роди Јаред. 16По Јаредовото раѓање, Малалеил поживеа осум стотини и триесет години, та му се родија уште синови и ќерки. 17Малалеил живееше вкупно осум стотини деведесет и пет години. Потоа почина.
18Кога Јаред имаше сто и шеесет и две години, му се роди Енох. 19По Еноховото раѓање Јаред живееше осум стотини години, па му се родија уште синови и ќерки. 20Јаред живееше вкупно девет стотини шеесет и две години. Потоа умре.
21Кога на Енох му беа шеесет и пет години, му се роди Матусал. 22Енох одеше со Бога. По Матусаловото раѓање Енох живееше триста години, и му се родија уште синови и ќерки. 23Енох поживеа вкупно триста шеесет и пет години. 24Енох одеше со Бога, потоа исчезна; Бог го зеде.
25Кога Матусал имаше сто осумдесет и седум години, му се роди Ламех. 26По Ламеховото раѓање Матусал живееше седум стотини осумдесет и две години, па му се раѓаа уште синови и ќерки. 27Матусал поживеа вкупно девет стотини шеесет и девет години. И умре.
28Кога Ламех наполни сто осумдесет и две години, му се роди син. 29Му го даде името Ное, велејќи: „Овој ќе нѐ утеши, во трудот и во напорот на нашите раце, од земјата, која Бог ја проколна.“ 30По Ноевото раѓање Ламех живееше петстотини деведесет и пет години, и му се раѓаа уште синови и ќерки. 31Ламех поживеа вкупно седум стотини седумдесет и седум години. Потоа почина.
32Откако Ное поживеа пет стотини години, му се родија Сим, Хам и Јафет.
Επιλέχθηκαν προς το παρόν:
БИТИЕ 5: MKB
Επισημάνσεις
Κοινοποίηση
Αντιγραφή
Θέλετε να αποθηκεύονται οι επισημάνσεις σας σε όλες τις συσκευές σας; Εγγραφείτε ή συνδεθείτε
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: