1
Јован 3:16
Свето Писмо (Гаврилова) 1990
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен.
Vertaa
Tutki Јован 3:16
2
Јован 3:17
Оти Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
Tutki Јован 3:17
3
Јован 3:3
Му одговори Исус и рече: »Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.«
Tutki Јован 3:3
4
Јован 3:18
Кој верува во Него – нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, оти не поверувал во името на Единородниот Син Божји.
Tutki Јован 3:18
5
Јован 3:19
А овој суд е за тоа што Светлината дојде на светот, но на луѓето им омиле повеќе мракот отколку светлината, оти нивните дела беа лоши.
Tutki Јован 3:19
6
Јован 3:30
Он треба да расте, а јас да се смалувам!
Tutki Јован 3:30
7
Јован 3:20
Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат осудени неговите дела, оти се лукави.
Tutki Јован 3:20
8
Јован 3:36
Кој верува во Синот, има живот вечен; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него.«
Tutki Јован 3:36
9
Јован 3:14
И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки
Tutki Јован 3:14
10
Јован 3:35
Зашто Отецот Го љуби Својот Син и сѐ Му даде во раката Негова.
Tutki Јован 3:35
Koti
Raamattu
Suunnitelmat
Videot