ЛУКА 19
19
Закхеј
1И кога влезе во Ерихон, минуваше низ градот. 2И ете, некој човек, по име Закхеј, кој беше началник на цариниците и богат, 3сакаше да Го види Исуса, Кој е, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст. 4И истрча напред, се качи на дива смоква за да Го види, зашто требаше да мине покрај неа. 5И кога Исус дојде на тоа место, погледна нагоре и му рече: „Закхеј, слези бргу, денес треба да бидам во твојот дом!“ 6И слезе веднаш и Го прими на гости со радост. 7А сите, кои го видоа тоа, почнаа да негодуваат и да зборуваат: „Дојде во куќа на грешен човек, да почине!“ 8Закхеј стана и Му рече на Господа: „Еве, Господи, половината од својот имот ќе ја дадам на сиромасите; и ако сум зел од некого нешто несправедливо, ќе вратам четвор-но.“ 9А Исус му рече: „Денес му дојде спасението на овој дом, зашто и тој е Авраамов син. 10Зашто Човечкиот Син дојде да го бара и да го спаси изгубеното.“
Приказна за десет сребреници
11И кога тие го слушаа тоа, им кажа една парабола, зашто беа близу до Ерусалим, а тие мислеа дека Божјото Царство ќе се појави веднаш. 12И рече: „Некој благо-родник замина во далечна земја, за да прими царство за себе и да се врати. 13Откако ги повика своите десет слуги, им даде десет сребреници и им рече: „Тргувајте додека се вратам!“ 14Но неговите граѓани го мразеа и испратија по него пратеници да кажат: „Неј-ќеме тој да царува над нас.“ 15А кога се врати, по примањето на царството - заповеда да му ги повикаат оние слуги, на кои им беше дал сребро, за да види кој колку спечалил. 16Така, првиот дојде и рече: ‘Господару, твојот сребреник донесе десет сребреници.’ 17И му рече: ‘Убаво, добар слуго, зашто беше верен во нешто сосем мало, имај власт над десет градови.’ 18Дојде и друг и рече: ‘Господару, еве го твојот сребреник, донесе пет сребреници.’ 19Му рече и на овој: ‘И ти биди над пет градови!’ 20Дојде и друг и рече: ‘Господару, еве го твојот сребреник, што го чував во крпче, 21зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш што не си оставил и жнееш што не си посеал!’ 22Му рече: ‘Зол слуго, ќе ти судам според твоите зборови. Знаеше дека сум строг човек, дека земам што не сум оставил и дека жнеам што не сум посеал; 23зашто тогаш не ги вложи моите сребреници при трговците, и јас по доаѓањето ќе ги примев со добивка?’ 24А на оние, кои беа присутни им рече: ‘Одземете му го сребреникот и дајте му го на оној, кој има десет!’ 25Тогаш му рекоа: ‘Господаре, тој има десет!’ 26Ви велам, дека ќе му се даде на секој, кој има; а на оној, кој нема ќе му се одземе и она што има. 27А оние мои непријатели, кои не сакаа да царувам над нив, доведете ги тука и исечете ги пред мене!“
Месија влегува во Ерусалим
28А кога го рече тоа, тргна натаму, одејќи горе во Ерусалим. 29И кога се приближи до Витфагија и Витанија, до гората наречена Маслинова, испрати два ученика 30и им рече: „Одете во селоно, што е спроти вас! И кога ќе влезете во него, ќе најдете врзано осле, на кое никој од луѓето никогаш не седнал; и одврзете го и доведете го. 31И ако некој ве праша: ‘Зошто го одврзавте?’ - речете му вака: ‘На Господа Му е потребно.’ 32А испратените отидоа и најдоа како што им рече; 33и кога го одврзуваа ослето, неговите стопани им рекоа: „Зошто го одврзувате ослето?“ 34А тие рекоа: „На Господа Му е потребно!“ 35И го доведоа пред Исуса и ги ставија врз ослето своите облеки, и Го кренаа Исуса. 36А кога одеше, ги постилаа своите облеки по патот. 37И кога веќе наближуваше до стрмнината на Маслиновата Гора, целото мно-жество ученици почна радосно и гласно да Го прославува Бога, за сите чудеса што ги видоа, 38велејќи: „Благословен е Царот, Кој доаѓа во Господово име! Мир на небото и слава на висините!“ 39А некои од фарисеите, меѓу на-родот, Му рекоа: „Учителе, забра-ни им на Твоите ученици!“ 40Тој одговори: „Ви велам, ако овие замолчат, камењата ќе викаат.“
41А кога се приближи и го виде градот, заплака за него и 42рече: „Кога и ти би узнал, дури барем во овој твој ден, што е за твојот мир! Но сега е сокриено од твоите очи. 43Зашто ќе дојдат денови за тебе, кога твоите непријатели ќе те опкружат со опкопи, ќе те опколат и ќе те притеснат од сите страни. 44И ќе те срамнат со земјата тебе, и твоите деца во тебе; и не ќе остане, во тебе, ни камен на камен, зашто не го позна времето кога беше посетен!“
45И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува продавачите, 46велејќи им: „Напишано е: ‘Мојот Дом да биде Дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.’
47И поучуваше секој ден во Храмот. А свештеничките глава-тари, книжниците и народните првенци гледаа да Го погубат. 48Но не најдоа што да сторат, зашто сиот народ Го слушаше неотстапно.
Tällä hetkellä valittuna:
ЛУКА 19: MKB
Korostus
Jaa
Kopioi
Haluatko, että korostuksesi tallennetaan kaikille laitteillesi? Rekisteröidy tai kirjaudu sisään
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: