Псалми 10
10
ПСАЛМ 10
Доверба на праведникот во Господа
1 #
7,1; 54,6; 90,3; 140,8 За крајот: псалм на Давид.
Се препуштив на Господа.
Како ќе ѝ речете на душата моја:
„Пресели се на гората како врапче“?
2 #
7,12; 9,28; 36,14; 56,4; 63,3 Зашто, ете, грешниците затегнаа лак,
подготвија стрели во тулот,
за во мракот да стрелаат кон оние со чесно срце.
3Зашто она што Ти го подготви – го срушија;
а праведникот што направи?
4 #
2,4; 5,7; 101,19; 102,19; 5 Мојс 26,15; Ис 66,1; Авак 2,20; Мт 5,34 Господ е во Својот свет храм,
Господовиот престол е на небото,
очите Негови се вперени кон сиромавиот,
веѓите Негови ги испитуваат синовите човечки.
5Господ ги испитува праведникот и безбожникот,
а оној што сака неправда, ја мрази душата своја.
6 #
74,8; 1 Мојс 19,24; Ис 51,17-22; Ер 25,15; Ез 10,2; 37,21; Откр 8,5; 19,8-9 Врз грешните ќе истури замки како дожд, оган и сулфур;
и ветар бурен е делот во чашата нивна.
7Зашто Господ е праведен и ја возљуби правдата,
чесниот ќе го види лицето Негово.
वर्तमान में चयनित:
Псалми 10: MAK2024PS
हाइलाइट
शेयर
कॉपी
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
Македонско библиско здружение 2024

: