Псалми 43

43
ПСАЛМ 43
Молитва за помош
1За крајот. Поука за Кореевите синови.
2 # 77,3; 2 Цар 7,22-23 Боже, со ушите свои слушнавме
и татковците наши ни раскажаа за делото што го направи во деновите нивни,
во деновите древни.
3 # 77,55; 79,8 Раката Твоја незнабошците ги сотре, а нив ги засади;
им направи зло на народите и ги изгони.
4 # 5 Мојс 8,17-18; Ис.Н. 24,12; Ос 1,7 Зашто тие не ја наследија земјата со мечот свој
и мишката нивна не ги спаси, туку десницата Твоја, и мишката Твоја
и светлината на лицето Твое, зашто Ти беа по волја.
5 # 73,12 Ти Самиот си Цар мој и Бог мој,
Кој ги повела спасенијата на Јаков.
6 # 59,12; 107,13 Со Тебе ќе ги избодеме непријателите наши како со рогови
и со името Твое ќе ги уништиме оние што стануваат против нас.
7Зашто нема да се надевам на лакот свој
и мечот мој нема да ме спаси.
8 # 36,39-40; 131,18 Зашто Ти нѐ спаси од угнетувачите наши
и оние што нѐ мразат, ги посрами.
9Со Бога ќе се фалиме по цел ден
и името Твое ќе го исповедаме довека.
10 # 59,10; 67,7; 3 Мојс 26,17; 5 Мојс 28,25 Сега, пак, нас нѐ отфрли и нѐ посрами
и нема да излезеш, Боже, со војските наши.
11Нѐ врати назад пред непријателите наши
и оние што нѐ мразат, нѐ разграбија за себе.
12 # 3 Мојс 26,33; 5 Мојс 28,64 Нѐ даде нас како овци за јадење
и меѓу народите нѐ расеа.
13 # 5 Мојс 32,30; Ис 52,3 Го предаде народот Свој без цена,
а не беа мнозина оние што прославуваа.
14 # 78,4 Нѐ постави за посрамување пред соседите наши,
за подбив и потсмев на оние околу нас.
15 # 68,11 Нѐ постави за приказ меѓу народите,
за луѓето да нишаат глава.
16 # 68,7 Цел ден срамот мој е пред мене
и засраменоста на лицето мое ме покри,
17од гласот на оној што нѐ посрамува и клевети,
од лицето на непријателот и на гонителот.
18Сето ова дојде на нас, па, сепак, не Те заборавивме,
и не постапивме неправедно со заветот Твој
19и не отстапи назад срцето наше;
а Ти ги тргна патеките наши од патот Твој.
20 # Ис 34,13; Ер 9,11 Зашто нѐ понижи во местото на страдањето
и нѐ покри сенката на смртта.
21Ако го заборавевме името на нашиот Бог
или ако ги раширивме рацете наши кон туѓ Бог,
22 # Ер 17,10 зар немаше тоа Бог да го испита?
Зашто Тој ги знае тајните на срцата.
23 # Рим 8,36 Зашто заради Тебе нѐ усмртуваат по цел ден,
нѐ сметаат како овци за колење.
24 # 73,1; 78,5; 79,4; 88,46; Ис 51,9 Стани, зошто спиеш, Господи?
Издигни се, и не отфрлај нѐ сосема.
25Зошто го одвраќаш лицето Свое?
Забораваш ли на бедата наша и на неволјата наша?
26 # 7,5; 118,25 Зашто во прав се понизи душата наша,
за земја се залепи стомакот наш.
27Стани, Господи, помогни ни
и избави нѐ заради името Твое.

वर्तमान में चयनित:

Псалми 43: MAK2024PS

हाइलाइट

शेयर

कॉपी

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in