Псалми 16
16
ПСАЛМ 16
Молитва за заштита од непријателите
1Молитва на Давид.
Услиши ја, Господи, правдата моја;
чуј го молењето мое,
слушни ја молитвата моја што не е од лажливи усни.
2Од лицето Твое нека излезе судот за мене,
очите мои нека ја видат исправноста.
3 #
7,9; 25,2; 65,10; 138,1-3.23; Јов 7,18; 22,10 Го испита срцето мое, ме посети ноќе;
ме испита со оган и не се најде во мене неправда.
4 #
Јов 23,12; 26,4 Та да не говори устата моја човечки дела,
поради зборовите на усните Твои јас ги запазив патиштата тешки.
5Утврди ги стапките мои на патеките Твои,
за да не се поколебаат чекорите мои.
6 #
30,2; 85,1; 87,2; 101,2 Јас повикав, зашто Ти ме услиша, Боже;
приклони го кон мене увото Свое и услиши ги зборовите мои.
7Чудесно покажи ја милоста Своја,
Ти Кој ги спасуваш оние што на Тебе се надеваат,
од тие што се противат на десницата Твоја.
8 #
5 Мојс 32,10; Зах 2,8; Изреки 7,2; Сир 17,22; Пс 35,7; 56,1; 60,4; 62,7; 90,4; 5 Мојс 32,11; Мт 23,37; Лк 13,34 Сочувај ме, Господи, како зеница во окото;
под покровот на крилјата Твои ќе ме засолниш
9од лицето на безбожниците што ме угнетуваат.
Непријателите мои ми ја опколија душата;
10 #
72,7; 118,70 од сопствената угоеност се затворија,
нивната уста надмено зборуваше.
11Тие што ме изгонија, сега ме опколија,
очите свои ги устремија за да ме соборат на земјата.
12 #
7,2; 9,29; 21,13; 34,17; 56,4 Ме спопаднаа како лав спремен за лов
и како лавче што живее во скришни места.
13Воскресни, Господи, пресретни ги и собори ги;
избави ја душата моја од безбожните,
а мечот Твој од непријателите на раката Твоја.
14Господи, од малубројните на земјата
раздели ги во нивниот живот.
Од она што Ти си го скрил,
се исполни стомакот нивен;
се наситија синовите и ги оставија остатоците за децата свои.
15 #
4,7; 10,7; 72,25-26; 4 Мојс 12,8; Откр 22,4 А јас во правда ќе се јавам пред лицето Твое,
ќе се наситам штом ќе ја здогледам славата Твоја.
Македонско библиско здружение 2024