Лука 6
6
Исус и саботата
(Мт 12,1-8; Мк 2,23-28)
1 #
5 Мојс 23,25
Во втората сабота по Пасха се случи да мине низ посевите, учениците Негови кинеа класје и, триејќи ги со раце, јадеа. 2#2 Мојс 20,10; 23,12; 5 Мојс 5,14; Јн 5,10А некои од фарисеите им рекоа: „Зошто го правите тоа што не е допуштено да се прави во сабота?“ 3#1 Цар 21,1-6Исус им одговори и рече: „Зар не сте читале што направи Давид кога огладне, тој и оние што беа со него? 4#3 Мојс 24,5-9Како влезе во домот Божји, ги зеде лебовите на предложението, што не е допуштено да ги јаде никој освен свештениците, па јадеше, и им даде на оние што беа со него!“ 5И им рече: „Синот Човечки е господар и на саботата.“
Човекот со исушена рака
(Мт 12,9-21; Мк 3,1-6)
6 #
13,10-11; 14,1-2 Се случи и другата сабота да влезе во синагогата и да поучува; а таму имаше еден човек, кому десната рака му беше исушена. 7Книжниците и фарисеите внимаваа на Него, дали ќе го излекува во сабота, за да најдат причина да Го обвинат. 8#9,47; Мт 12,25; Јн 1,48Но Тој ги знаеше нивните помисли и му рече на човекот со исушената рака: „Подигни се и застани насреде!“ И тој се подигна и застана. 9Тогаш им рече Исус: „Ќе ве запрашам: што е дозволено во сабота – да се прави добро или да се прави зло? Да се спаси една душа или да се погуби?“ А тие молчеа. 10Па, откако ги изгледа сите, му рече на човекот: „Протегни ја раката своја!“ Тој направи така; и раката му стана здрава како другата. 11#11,53А тие се исполнија со гнев и се советуваа меѓу себе што да Му направат на Исус.
Исус одбира дванаесет апостоли
(Мт 10,1-4; Мк 3,7-19)
12 #
3,21; 5,16; 9,18; 11,1; Мт 14,23; Мк 6,46 Тие денови се искачи на една гора за да се помоли, и ја помина целата ноќ во молитва кон Бога. 13#9,10; 11,49; 22,14; Јн 6,70А кога настана ден, ги повика учениците Свои и од нив избра дванаесет, кои ги нарече апостоли: 14#1 Мојс 17,5.15; 32,29; 4 Цар 23,34; 24,17; Мт 4,21; 10,2-3; Јн 1,40-44Симон, кому што му даде име Петар, и брат му Андреј, Јаков и Јован, Филип и Вартоломеј, 15#Мт 9,9; 10,3; Јн 20,24-28Матеј и Тома, Јаков Алфеев и Симон, наречен Зилот#6,15 Ревнител. 16#Мт 10,3-4; Јн 14,22; Дела 1,13Јуда Јаковов и Јуда Искариотски, кој стана предавник.
Исус и народот
(Мт 4,24-25; Мк 3,7-11)
17 #
Мк 3,8
Па откако слезе заедно со нив, Тој се задржа на едно рамно место; беа таму и мнозина Негови ученици и многу луѓе од цела Јудеја и Ерусалим и од приморјето Тирско и Сидонско. 18Тие беа дојдени да Го слушаат и да се исцелат од болестите свои, а и оние што страдаа од нечисти духови беа излечени. 19#5,17; 8,46; Мт 14,36; Мк 3,10; 5,30И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите.
За блажените
(Мт 5,1-12)
20 #
4,18; 10,21; 18,14; Ис 30,18; 32,20; Пс 31,1-2; 32,12; 33,19; 83,5; Изреки 8,32.34; Мт 3,2 А Тој, откако ги подигна очите кон учениците Свои, им говореше: „Блажени се бедните по дух, зашто ваше е царството Божјо! 21#Ис 25,6-9; 49,10; 61,3; Ер 31,25; Пс 125,5-6; Откр 7,16-17Блажени сте вие, што сега гладувате, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, зашто ќе се смеете! 22#Мт 8,20; Мк 13,13; Јн 9,22; 16,2; 1 Птр 4,14 Блажени ќе бидете кога ќе ве намразат луѓето и ќе ве отфрлат и ќе ви нанесат срам, и ќе го разгласат името ваше како лошо, заради Синот Човечки! 23#13,33-34; 2 Лет 36,16; Мт 21,35; 23,30-31Зарадувајте се во оној ден и заиграјте, зашто голема е наградата ваша на небото. Зашто и нивните татковци така постапуваа со пророците! 24#11,42-52; 16,25; Ис 5,8; Ер 17,5-6; Амос 6,1; Авак 2,6; Проп 10,16; Мт 11,21; Јк 5,1-5Но тешко вам богати, зашто веќе сте ја примиле својата утеха! 25Тешко вам презаситени сега, зашто ќе огладните! Тешко вам што се смеете сега, зашто ќе заридате и ќе заплачете! 26#Јк 4,4Тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас. Зашто и нивните татковци така им правеа на лажните пророци!
Љубов кон непријателите
(Мт 5,38-48)
27Но вам, што слушате, вам ви велам: љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат; 28#Рим 12,14благословувајте ги оние што ве колнат, молете се за оние што ве навредуваат! 29#Плач 3,30; Јн 18,22-23; Дела 23,3На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној што сака да ти ја земе наметката, подај му ја и кошулата. 30Секому, кој ти бара, подај; од оној што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати! 31#Тов 4,16; Мт 7,12; Рим 13,8-10Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив! 32И ако ги љубите оние што вас ве љубат, каква ви е благодарноста? Зашто и грешниците ги љубат оние што нив ги љубат. 33И ако им правите добро на оние што вам ви прават добро, каква ви е благодарноста? Зашто и грешниците го прават истото. 34И ако им дадете заем на оние од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници за да им се врати истото. 35#3 Мојс 25,35-36; 5 Мојс 15,8Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто Тој е добар кон неблагодарните и кон лошите.
Милосрдност кон ближниот
(Мт 5,48; 7,1-12; 15,14; 10,24-25; 7,3-5)
36 #
2 Мојс 34,6; 5 Мојс 4,31; Пс 77,38; 85,15 И така, бидете милосрдни како што е милосрден вашиот Отец.“ 37#Мт 6,14; Мк 11,25; Рим 14,10„Не судете и нема да бидете судени, и не осудувајте, за да не бидете осудени; проштевајте и ќе ви биде простено; 38#16,9; Рута 3,15; Мк 4,24давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполна ќе ви дадат во пазувите ваши; зашто со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.“ 39#Мт 15,14; Рим 2,19И им кажа парабола: „Може ли слеп да води слеп? Зарем нема и обајцата да паднат во јама? 40#Мт 10,24-25; Јн 13,16; 15,20Нема ученик поголем од својот учител; но секој што ќе се усоврши, ќе биде како и учителот негов. 41И зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш? 42Или, како можеш да му кажеш на својот брат: дозволи, брате, да ти ја извадам раската од окото твое, кога сам не ја гледаш гредата во своето око? Лицемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на својот брат.“
Вистинскиот ученик
(Мт 7,16-21; 12,33-37)
43„Зашто, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво, што дава добар плод. 44#Мт 7,16; 12,33; Јк 3,11-12Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина. 45Добриот човек од добрата ризница на своето срце изнесува добро, а лошиот човек од лошата ризница на своето срце изнесува лошо, зашто неговата уста го зборува она со што му е исполнето срцето.“
Две куќи
(Мт 7,21-27)
46 #
Ис 29,13; Мал 1,6-7; Мт 7,21; Мк 7,6; Рим 2,13; Јк 1,22.25; 1 Јн 2,17 „И зошто Ме довикувате: ‚Господи, Господи!‘ а не го извршувате она што ви го кажувам? 47Ќе ви кажам на кого прилега секој што доаѓа кај Мене, ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува. 48Тој прилега на човек кој градел куќа, па копал длабоко, и поставил темели на камен; а кога настана поплава, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, зашто беше основана на камен. 49А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек што изградил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш падна, и разурнувањето на таа куќа беше големо.“
Šiuo metu pasirinkta:
Лука 6: MK2006D
Paryškinti
Dalintis
Kopijuoti
Norite, kad paryškinimai būtų įrašyti visuose jūsų įrenginiuose? Prisijunkite arba registruokitės
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: