Лука 7:7-9
Лука 7:7-9 MK2006D
затоа и себеси не се сметав достоен да дојдам кај Тебе; туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави; зашто и јас сум човек под власт, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‚Оди!‘ – и тој оди; на другиот: ‚Дојди!‘ – и тој доаѓа; и на слугата свој: ‚Направи тоа‘ – и тој прави.“ Штом го слушна тоа, Исус се зачуди и кога се заврте кон народот, што врвеше по Него, рече: „Ви велам, ниту во Израил не најдов толкава вера!“