Лука 9

9
Исус ги испраќа дванаесетте апостоли
(Мт 10,5-15; Мк 6,7-13)
1 # Мт 10,2 Откако ги повика Двана­есет­ми­ната, им даде сила и власт над сите не­чисти духови, и да лекуваат болести. 2#Мт 6,10; Мк 1,4И потоа ги прати да го проповедаат царството Божјо и да лекуваат болни. 3#22,35И им рече: „Не земајте ништо за по пат: ниту стап, ниту торба, ниту леб, ниту среб­ро, ниту по две облеки да имате! 4#10,5-7И, во која куќа ќе влезете, таму останувајте, и оттаму тргнувајте на пат. 5#10,11; Дела 9,43; 13,51; 18,6А, ако некои не ве примат, излегувајќи од тој град, истресете го и правот од нозете свои, ним за сведоштво.“ 6А кога излегоа, тие одеа по селата проповедајќи го Евангелието и лекувајќи насекаде.
Вознемиреноста на Ирод
(Мт 14,1-12; Мк 6,14-29)
7 # 9,19; Мт 3,1; 16,14 Кога слушна Ирод четворовласни­кот што Тој прави, беше збунет, зашто некои велеа дека Јован воскреснал од мртвите; 8#Мал 3,23; Мк 9,11други, пак, дека се јавил Илија, а некои – дека се дигнал еден од старите пророци. 9#23,8И рече Ирод: „На Јован јас му ја отсеков главата; но кој ќе е Овој, за Кого што слушам такви нешта?“ И сакаше да Го види.
Исус нахранува пет илјади луѓе
(Мт 14,13-21; Мк 6,30-44; Јн 6,1-14)
10 # 6,13; Мт 11,21 А апостолите, кога се вратија, Му раскажаа што направиле. Тогаш ги зе­де, отиде насамо во пусто место до гра­дот, наречен Витсаида. 11Но народот штом разбра – тргна по Него. И кога ги прими, им зборуваше за царството Божјо, и ги лекуваше оние што имаа потреба од лекување. 12А денот почна да намалува. И приј­доа до Него Дванаесетмината и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди по околните села и колиби на ноќевање и да си најде храна; зашто овде сме во пусто место.“ 13#4 Цар 4,42-43; Мт 15,34; Мк 8,5; Јн 6,9Но Тој им рече: „Дајте им вие да ја­дат!“ Тие одговорија: „Ние немаме по­веќе од пет леба и две риби, освен ако отидеме и купиме храна за сите овие луѓе.“ 14А луѓето беа околу пет илјади. Но Тој им рече на учениците Свои: „Каже­те им да поседнат во групи по педесет.“ 15И направија така, и ги поредија си­те. 16#22,19; Мт 26,26; Дела 2,42; 27,35А Тој, кога ги зеде петте леба и две­те риби, погледна кон небото, ги бла­гос­лови, ги раскрши и им ги даде на уче­ни­ците за да ги стават пред народот. 17#2 Мојс 16,4.12; 4 Цар 4,44; Пс 77,29; Јн 6,12И јадеа, и се наситија сите; и кренаа од останатите парчиња дванаесет ко­ше­ви.
Петар Го признава Исус за Месија
(Мт 16,13-19; Мк 8,27-29)
18 # 3,21; Мк 1,35 Еднаш, кога Исус се молеше сам, а само учениците Негови беа со Него, Тој ги праша: „Што вели народот, Кој сум Јас?“ 19#9,7-8Тие одговорија и рекоа: „Едни дека си Јован Крстител, други Илија, а не­кои, пак, дека воскреснал еден од ста­ри­те пророци.“ 20#4,41; Мт 4,18; Јн 6,67.69Тој им рече: „А вие, што велите, Кој сум Јас?“ Петар одговори и рече: „Христос Божји.“
Исус првпат ја навестува Својата смрт и воскресение
(Мт 16,20-21; Мк 8,30-31)
21 # Мк 1,44 А Тој строго им заповеда никому да не кажуваат за тоа, 22#9,44; 18,31-34; Мт 8,20; Мт 17,22; 20,18; Мк 10,32-34велејќи дека Синот Човечки треба да пострада многу, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците и дека ќе биде убиен, и де­ка на третиот ден ќе воскресне.
Патот на Исусовите следбеници
(Мт 16,24-28; Мк 8,34–9,1)
23 # 14,27; Мт 10,38 А на сите им зборуваше: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека ме последува! 24#17,33; Мт 10,39; Јн 12,25Зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, тој ќе го спаси. 25Зашто, каква му е ползата на чо­ве­ка, ако го добие целиот свет, а себе са­миот се упропасти или си направи ште­та? 26#9,32; 12,9; Мт 8,20; 10,23.33; 2 Тим 2,12; 1 Јн 2,28Бидејќи, кој се срами од Мене и од зборовите Мои, од него ќе се засрами и Синот Човечки, кога ќе дојде во славата Своја, и на Отецот и на светите ан­ге­ли. 27#Мт 24,34; Јн 21,22; 1 Сол 4,15-18Вистина ви велам: овде стојат некои што не ќе вкусат смрт, сѐ додека не го видат царството Божјо.“
Исусовото преображение
(Мт 17,1-8; Мк 9,2-8)
28 # 3,21; 2 Птр 1,16.18 А околу осум дена по овие зборови, ги зе­де со Себе Петар, Јован и Јаков, и се ис­качи на гората да се помоли. 29И додека се молеше, изгледот на лицето Негово се промени, а облеката Му стана бела и блескава. 30#5 Мојс 18,15.18; 34,5-6; 4 Цар 2,1.11; Мт 11,14; Дела 1,10И ете, двајца луѓе разговараа со Не­го; а тие беа Мојсеј и Илија. 31#9,22.51; 2 Мојс 34,29-35; Рим 8,18.21; 1 Кор 15,43; 2 Кор 3,7-11.18; Кол 3,4Па, кога се појавија во слава, тие збо­руваа за Неговото заминување, кое требаше да заврши во Ерусалим. 32#22,45; Јн 1,14; 2 Птр 1,16А Петар и оние кои беа со него ги бе­ше совладал сон; но штом се разбудија, ја видоа славата Негова, и двајцата што стоеја со Него. 33И кога се разделуваа од Него, Петар без да знае што зборува, Му рече на Исус: „Учителе, добро е да останеме овде; да направиме три колиби: за Тебе една, за Мојсеј една, и за Илија една!“ 34#1,35; 2 Мојс 40,35; 4 Мојс 9,18.22; 10,34Додека го велеше тоа, се појави об­лак и ги засени; и се уплашија штом влегоа во облакот. 35#5 Мојс 18,15; Ис 42,; 49,7; Пс 2,7; Мт 3,17; Јн 12,28-30; 2 Птр 1,17-18И дојде глас од облакот, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син; Него пос­лушајте Го!“ 36А кога се чу тој глас, Исус беше ос­танал сам. И тие премолчаа и никому ништо не кажаа во тоа време за она што беа виделе.
Оздравувањето на бесомачното момче
(Мт 17,14-18; Мк 9,14-27)
37А на другиот ден, додека се симнуваа од гората, Му доаѓаше во пресрет многу народ. 38#7,12И ете, некој од народот извика: „Учителе, Ти се молам, погледни на мо­јот син, зашто ми е единец! 39Духот одненадеж го зграпчува и ете, тој почнува да вриска. Го растргнува толку силно, што тој се запенува, и откако многу ќе го измачи, одвај го пушта. 40Ги помолив учениците Твои да го истераат, но тие не можеа.“ 41#Дела 2,40Одговори Исус и рече: „О, роде без­ве­рен и развратен! До кога ќе бидам со вас и до кога ќе ве трпам? Доведи го си­нот твој тука!“ 42#7,15И додека тој уште приоѓаше, злиот дух го кутна и почна да го тресе. Но Исус му заповеда на нечистиот дух и го излекува момчето и го предаде на татко му.
Исус повторно ги претскажува Својата смрт и воскресение
(Мт 17,22-23; Мк 9,30-32)
43 # 1,63 И сите беа вчудовидени од Божјото величие. И додека сите се восхитуваа на сѐ што правеше Исус, Тој им рече на учениците Свои: 44#18,32; Мт 8,20„Ставете ги во ушите свои овие зборови: ‚Синот Човечки ќе биде пре­да­ден во рацете на луѓето.‘“ 45#18,34; Мт 4,13Но тие не го разбраа овој говор, за­што беше прикриен од нив за да не го разберат, а се плашеа да Го прашаат за значењето на овој говор.
Кој е најголем
(Мт 18,1-5; Мк 9,33-37)
46 # 22,24 И им дојде мисла: кој од нив е најго­лем. 47#6,8А Исус, знаејќи ја мислата на нив­ните срца, зеде едно дете и го постави покрај Себе, 48#10,16; 14,11; 22,26; Мт 10,40; Јн 13,20; Гал 4,14па им рече: „Кој го прима ова дете во Мое име, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, го прима Оној што Ме пратил; зашто кој е најмал меѓу вас, тој е голем.“
Кој не е против вас, тој е со вас!
(Мк 9,38-40)
49 # Дела 3,16; 19,13 Проговори Јован и рече: „Учителе, видовме еден човек, кој во Твое име ис­терува демони, па му забранивме, би­дејќи не оди со нас.“ 50#11,23; Мт 12,30; Мк 9,40Исус му рече: „Не забранувајте му! Зашто, кој не е против вас, тој е за вас.“
Негостопримливите Самарјани
51 # 9,31; 13,22; 17,11 А кога се навршуваа деновите на Неговото воздигнување, Тој одлучи да тргне на пат за Ерусалим; 52#10,33-37; 17,16-19; 4 Цар 17,24-41; Мт 10,5; Јн 4,4.9и испрати пред себе гласници; тие отидоа и влегоа во едно самарјанско село да подготват за Него. 53#Дела 8,25Но не Го примија, зашто имаше из­глед на патник што оди во Ерусалим. 54#22,8; 2 Цар 1,10.12Кога го видоа тоа учениците Не­го­ви, Јаков и Јован, рекоа: „Господи, са­каш ли да кажеме да падне оган од не­бото и да ги истреби, како што направи и Илија?“ 55Но Тој се сврте кон нив и ги укори и рече: „Не знаете од каков дух сте вие, 56зашто Синот Човечки дојде, не да погубува човечки души, туку да ги спа­си.“ И отидоа во друго село.
Исусовите следбеници
(Мт 8,19-22)
57А додека тие патуваа, некој Му ре­че: „Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“ 58Исус му рече: „Лисиците имаат лег­ла и птиците небески гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“ 59#14,16.33; Мт 4,19На друг, пак, му рече: „Врви по Мене!“ А тој одговори: „Господи, до­пушти нај­напред да отидам да го погребам татко ми!“ 60Но Исус му рече: „Остави ги мрт­ви­те да ги закопуваат своите мртовци, а ти оди и разгласувај го царството Бож­јо!“ 61#3 Цар 19,19-21Потоа некој друг Му рече: „Гос­по­ди, ќе одам по Тебе, но дозволи ми нај­нап­ред да се простам со своите до­маш­ни.“ 62#Мт 3,2; 6,10; Фил 3,13Исус, пак, му рече: „Никој, што ја ставил раката своја на ралото и пог­ле­д­ну­ва назад, не е достоен за царството Божјо.“

Šiuo metu pasirinkta:

Лука 9: MK2006D

Paryškinti

Dalintis

Kopijuoti

None

Norite, kad paryškinimai būtų įrašyti visuose jūsų įrenginiuose? Prisijunkite arba registruokitės