1
Јован 3:16
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.
Salīdzināt
Izpēti Јован 3:16
2
Јован 3:17
Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
Izpēti Јован 3:17
3
Јован 3:3
Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“
Izpēti Јован 3:3
4
Јован 3:18
Кој верува во Него – нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји.
Izpēti Јован 3:18
5
Јован 3:19
А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли.
Izpēti Јован 3:19
6
Јован 3:30
Тој треба да расте, а јас да се смалувам!“
Izpēti Јован 3:30
7
Јован 3:20
Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела (бидејќи се лукави).
Izpēti Јован 3:20
8
Јован 3:36
Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него.“
Izpēti Јован 3:36
9
Јован 3:14
И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки
Izpēti Јован 3:14
10
Јован 3:35
Зашто Отецот Го љуби Својот Син и сѐ Му даде во раката Негова.
Izpēti Јован 3:35
Mājas
Bībele
Plāni
Video