Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Колосјаните 3:5

Љубов и брак
5 дена
Со фокусирање на нашиот брак во контекст на Словото, ние Му даваме можност на Господ да открие нови моменти за нашиот меѓусебен однос и да ги зацрвсти нашите врски. Планот за читање за љубовта и бракот содржи фокусирани стихови од Библијата и кратки мисли за секој ден, за да иницира дискусија и молитва со твојот брачен другар. Овој петдневен план е краткорочно посветување кое ќе ти помогне да инвестираш во твојата животна врска.

Секс
7 Дена
Сексот е секаде. Толку е лесно да паднеш во замката на маструбација, блуд и сексуална грешност. Господ очекува од нас да останеме чисти, да се ослониме на НеговиотДух и да развиеме самоконтрола. Овој седмодневен план може да те постави на патека на чистота и живеење со стандардите кој Господ ги поставил за нас. Пронајди некој кој му веруваш и поминете ги овие стихови заедно, бидејќи одговорноста е круцијална кога станува збор за сексуалната грешност.