Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Ефесјаните 5:23

Љубов и брак
5 дена
Со фокусирање на нашиот брак во контекст на Словото, ние Му даваме можност на Господ да открие нови моменти за нашиот меѓусебен однос и да ги зацрвсти нашите врски. Планот за читање за љубовта и бракот содржи фокусирани стихови од Библијата и кратки мисли за секој ден, за да иницира дискусија и молитва со твојот брачен другар. Овој петдневен план е краткорочно посветување кое ќе ти помогне да инвестираш во твојата животна врска.

Брак
5 дена
Бракот е предизвикувачки и наградувачки меѓусебен однос, и многу често забораваме дека кажувањето „да“ е само почеток. За среќа, Библијата има да каже многу нешта за бракот, од перспектива и на сопругот и на сопругата. Кратките светописни пасуси кои во овој план ќе ги читаш секојдневно, се создадени да ти помогнат да пораснеш во твоето разбирање на Божјиот дизајн за бракот - и низ тој процес да го продлабочиш твојот меѓусебен однос со твојот сопружник.