Јован 3
3
Исусовиот разговор со Никодим
1 #
7,50; 19,39 Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, началник јудејски. 2#9,16.33; Мт 22,16; Дела 10,38Тој дојде кај Исуса ноќе и Му рече: „Рави! Знаеме дека си учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“ 3#1,13; Мт 4,17; 6,10; Тит 3,5; Јк 1,17-18; 1 Птр 1,23; 1 Јн 3,9Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“ 4Никодим Му рече: „Како може човек да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“ 5#Ис 44,3; Ез 36,25-27; Мт 5,20; 2 Птр 1,11А Исус му одговори: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо; 6#6,63; 1 Мојс 6,3; 1 Кор 15,50; 1 Птр 1,3зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух. 7#1 Кор 15,44-50Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора. 8#6,63; 14,17; Ис 32,15; 44,3; 59,21; Ез 37,9; Јоил 2,28–3,2; Пс 77,39; Проп 11,5Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“ 9Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?“ 10#Ез 11,9Исус одговори и му рече: „Ти си учител израилев, па тоа ли не го знаеш? 11#3,32; 5,19.31-32; 18,37; 1 Кор 2,14Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она што знаеме, и сведочиме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате. 12#Мудр 9,16; Лк 22,67; Рим 1,16Кога за земни работи ви зборувам и не верувате, како ќе поверувате кога би ви говорел за небесните? 13#5 Мојс 30,12; Изреки 30,4; Ефес 4,9Никој не се искачил на небото, освен Оној Кој слезе од небото, Синот Човечки, Кој е на небото. 14#8,28; 12,32.34; 4 Мојс 21,4-9; Мудр 16,5-7; Мт 8,20И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки, 15#20,31; 1 Јн 5,11-13.20та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен. 16#1 Мојс 22,16-17; Мт 21,37; Рим 8,32; 1 Јн 4,9-10Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. 17#3,36; 8,15-16; Лк 19,10; 2 Кор 5,19Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. 18#5,24Кој верува во Него – нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји. 19#1,5.9-11; 8,12; 1 Јн 1,7А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли. 20#Јов 24,13-17; Ефес 5,11-13Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела бидејќи се лукави. 21#Тов 4,6А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.“
Исус и Јован
22 #
4,1-2
Потоа дојде Исус со учениците Свои во земјата Јудејска, и таму живееше со нив и крштеваше. 23#Мт 3,6А Јован крштеваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода; и доаѓаа и се крштеваа, 24#Мт 4,12; 14,3; Лк 3,20зашто Јован уште не беше фрлен во затвор. 25Тогаш настана расправија меѓу учениците Јованови и Јудејците околу очистувањето. 26#12,19; Лк 7,18И дојдоа кај Јован и му рекоа: „Рави, Оној што беше со тебе отаде Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Тој крштева и сите одат кај Него.“ 27#19,11; 1 Кор 4,7; Евр 5,4; Јк 1,17А Јован одговори и рече: „Не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото. 28#1,20; Мал 3,1; Мт 11,10Вие самите ми сведочите дека реков: ‚Јас не сум Христос, но сум испратен пред Него.‘ 29#15,11; Ис 62,4-5; Ез 16,8; Ос 1,2; 2,21; Мт 9,15; 25,1; 2 Кор 11,2; 2 Јн 1,12; Откр 21,2; 19,7.9Оној што ја има невестата е младоженец; а пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа моја радост се исполни. 30#2 Цар 3,1Тој треба да расте, а јас да се смалувам!“
Тој што доаѓа одозгора
31 #
3,13; 8,23; 1 Јн 4,5 „Кој доаѓа одозгора, тој е над сите; а кој е од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото, Тој е над сите. 32#3,11; 1 Јн 5,10И за она што виде и чу, за тоа сведочи; и сведоштвото Негово никој не го прима. 33#7,28; 8,26А тој што го примил Неговото сведоштво потврдил дека Бог е вистинит. 34#13,3; 16,27Бидејќи, тој што е испратен од Бога, кажува Божји зборови; зашто Бог Го дава Духот неизмерно. 35#5,20; 10,17; Мт 11,27; 28,18Зашто Отецот Го љуби Синот и сѐ Му даде во раката Негова. 36#3,16-18; Рим 2,8; Ефес 5,6; 1 Јн 5,13Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе остане врз него.“
Селектирано:
Јован 3: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: