Јона 3
3
Проповед во Ниневија за пропаста на градот
1И повторно дојде словото Господово до Јона, велејќи му: 2„Стани и појди во градот Ниневија, големиот град и проповедај му го она што ќе ти кажам.“ 3Стана Јона и отиде во Ниневија по заповед на Господ; а Ниневија беше многу голем град: три дена одење. 4И Јона почна да оди по градот, колку што можеше да се изоди за еден ден, и проповедаше, велејќи: „Уште четириесет дена и Ниневија ќе биде разурната!“ 5#Мт 12,41; Лк 11,30.32И поверуваа Ниневјаните во Бога, прогласија пост и се облекоа во вреќи, мало и големо. 6#Ез 26,16Таа проповед дојде и до царот на Ниневија, и тој стана од престолот свој, ја соблече царската облека, се облече во вреќиште и седна во пепел, 7па заповеда да се прогласи и да се каже во Ниневија од името на царот и од неговите големци, ни луѓето, ни добитокот, ни воловите, ниту овците да не јадат ништо и да не одат на пасење и да не пијат; 8#Ез 27,30-31; Јов 16,17и луѓето и добитокот да бидат покриени со вреќишта и силно да извикуваат кон Бога: секој да се откаже од својот лош пат и од неправдите што ги вршел. 9#Јоил 2,14; Амос 5,15Кој знае, можеби Бог ќе се смилостиви и ќе го отфрли од нас Својот разгорен гнев, и така да не загинеме. 10#1 Мојс 6,6; Ер 26,3; Мт 12,41И ги виде Бог нивните дела дека тие се одвратија од својот лош пат, па се сожали по однос на злото, за кое беше рекол дека ќе го нафрли врз нив, и не го нафрли.
Селектирано:
Јона 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006